Француската групција за луксузни производи LVMH започна да произведува средства за дезинфекција за раце во три фабрики за парфеми и козметика, со цел да им помогне на француските болници кои се борат против епидемијата на корона вирусот во земјата.
„LVMH ќе ги користи производните линии на своите парфеми и козметички брендови за производство на големи количини хидроалкохолни гелови“, се вели во соопштението на управата на компанијата, позната по производство на луксузна козметика, парфеми и шминка.
Геловите ќе им бидат дадени бесплатно на здравствените власти.
Францускиот луксузен конгломерат поседува голем број познати брендови, како што се производителот на шампањ „Moet & Chandon“, производителот на часовници „Tag Heuer“ и „Bulgari“.
Владите ширум светот ги повикаа производителите да помогнат во производството на дефицитарни производи за време на епидемијата на вирусот.