Home » Во фокусот » Мајчини “мудрости” низ Њу Јорк – нова outdoor кампања на Mother NY

Мајчини “мудрости” низ Њу Јорк – нова outdoor кампања на Mother NY

Скоро е “Денот на мајката”, празник кој во САД се одбележува на 8 мај, што значи дека е совршено време за да бидеме потсетени на некои мудри мајчински совети, како што на пример е фактот дека вашата мајка не потрошила девет месеци непиење вино за вие да се жалите за својата досадна работа.

Нова outdoor кампања од агенцијата Mother New York беше лансирана во Њу Јорк, точно на време за да потсети дека скоро е Денот на мајката, а.. мама знае најдобро :) . Кампањата вклучува билборди со совети како “Бидете таква личност каква што вашиот дејтинг профил ветува дека сте”, како и амбиентален адвертајзинг, кој вклучува мали знаменца поставени до кучешки измет на кои пишува “Јас го собирав твоето, вие собирајте го нивното.”

“Постои многу зборување за ‘влијателни’ фаци овие денови, а јас мислам дека нашите највлијателни личности се мајките, и нашите мајки. И побаравме од нив да ни го дадат нивниот влијателен глас,” изјави ко-основачот на Mother NY Пол Малмстром.

Тимот на Mother создаде една анкета и ја испрати до 150 мајки кои се истовремено и вработени во Mother. Целта беше не само да се собере одличен материјал за кампањата која е наменета да ги слави сите мајки низ светот, туку и да биде еден вид изразување благодарност до сите тие вработени за својата напорна работа – агенцијата дури нема да работи во Понеделник, ден после празникот.

“Сосем искрено, малку позитивност, и малку мајчинска љубов за Њу Јорк и помислата дека може да стави насмевка на лицата на луѓето и да ги потсети дека доаѓа Денот на мајката, тоа е ефктот кој сака да го постигне оваа кампања,” изјави Генералниот извршен директор на Mother NY Питер Равајлхи.

“Навистина го топли срцето тоа што евентуално нашите деца не’ слушаат. Најпрвин не’ ставија на своите визит карти… сега не’ ставаат на нивните билборди. Не го очекував ова за Денот на мајката. Ајде сега да го ставиме тенџерето на оган!,” изјави Хелен Равајлхи, мајка на CEO-то Питер Равајлхи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365