Home » Во фокусот » Малку поинаква фудбалска драма во најновата серија на реклами од Heineken

Малку поинаква фудбалска драма во најновата серија на реклами од Heineken

Низ сцените достојни на холивудските блокбастери, Heineken повикува ја споделиме драмата на UEFA Лигата на шампиони

Со помош на агенцијата Publicis Италија и режисерот Fredrik Bond, Heineken направи серија на драматични реклами во рамките на својата  #SharetheDrama кампања.

Во рекламите, возбудата на натпреварите е улистрирана со филмски ситуации достојни на холивудските блокбастери, во кои најважната споредна работа на светот е претставена преку три посебни филмски жанрови.

Првата реклама е “The Chase“, во која имаме потера по улиците на градот и злобни гангстери кои ја чекаат својата жртва. Во главната улога е холандскиот напаѓач Руд ван Нистелрој.

Доколку акционите филмови не ви се допаѓаат, тука е и „The Last Duel“ за љубителите на историските драми. Двајца мажи ги бројат чекорите подготвувајќи се за последниот дуел, а еден од нив е полскиот голман Јиржи Дудек.

Третото видео е „The Wall“, и донесува научна фантастика налик на филмот Ghost in the Shell, а во главната улога е фудбалската ѕвезда Роналдињо.

Оваа серија на реклами е резултат на спонзорството на Heineken на UEFA Лигата на шампиони, а рекламите испраќаат порака до гледачите да ја „Споделат драмата“, односно целат и на оние кои не се големи љубители на фудбалот.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365