Home » Во фокусот » Marc Pritchard доби свој таргетиран билборд откако зборуваше за новите стратегии за дигитални медиуми

Marc Pritchard доби свој таргетиран билборд откако зборуваше за новите стратегии за дигитални медиуми

Пред неколку дена Marc Pritchard, CBO на Procter & Gamble ги најави плановите на компанијата кои ќе се движат во насока на борбата со измамите со реклами, прегледување на договорите со медиумите и присвојување на широко-индустриска метрика за гледаност (вчера објавивме статија на Маркетинг365 за ова, еве ја на ОВОЈ ЛИНК), мерки кои се дел од пошироката стратегија на P&G која ќе има за цел да го регулира дигиталниот пејсаж кој во крајна линија им штети на фирмите кои се рекламираат.

Како одговор на последните изјави на Pritchard, , Lamar Advertising –компанија која обезбедува рекламен простор за билборди, автобуски станици креира нова паметна само-промотивна кампања која има само еден таргет: Marc Pritchard.

Извор:adage.com

Преку поставување на билборди околу канцелариите на P&G во Cincinnati, со написот “Hey Marc, This Ad Is Real, (Еј Марк, оваа реклама е реална)”,компанијата се надева дека Pritchard ќе ја евалуира повторно ефективноста на ваквиот тип на рекламирање, особено во периодот кога дигиталните медиуми ни предизвикаа многу главоболки.

Билбордите кои го упатуваат Pritchard  на вебсајтот feelthereal.org, се дел од кампањата за рекламирање ‘’надвор-од-дома’’ која ја лансира  Outdoor Advertising Association of America (OAAA) во 2015 година за време на ‘’Рекламната недела во New York’’.
Наименувана “Feel the Real,” станува збор за кампања поддржана од страна на компании како Outfront Mediaи има за цел да ја илустрира поентата дека рекламирањето од типот надвор-од- дома може да ја подобри дигиталната стратегија на еден бренд.
Во согласност со видеото на сајтот на Feel The Real, 30,000 различни посетители ја посетиле страницата feelthereal.org за време на првите 6 недели од лансирањето на кампањата од кои 40% биле професионалци од областа на медиумите и рекламирањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365