Home » Во фокусот » Маркетери, заборавете го Pokemon Go, поголемиот свет на Изменетата Реалност е тука

Маркетери, заборавете го Pokemon Go, поголемиот свет на Изменетата Реалност е тука

Без разлика дали Pokemon Go ќе стане новиот Pinterest или само Pong на нашата генрација, маркетерите треба да се подготвени. Играта стана неверојатен хит, со повеќе од 20 милиони играчи дневно само во САД, двојно повеќе од корисниците на Facebook. Pokemon Go покажа пет нови начини за адвертајзинг во виртуелниот свет.

Најпрвин, да го дефинираме новиот медиум. Изменетата Реалност, или Augmented Reality (AR), е едноставно комбинација на дигитални светови (слики, видеа и звуци) и физичка реалност, искусена најпрвин преку мобилните екрани на денешницата и евентуално преку посебни наочари или целосни одела со чувство на цело тело.

virtual-reality-

Несомнено 2016 е годината кога Изменетата Реалност масовно пристигна и започна сериозно да се искористува во комерцијални цели. Во февруари, стартапот Magic Leap од Флорида обезбеди 793 милиони долари за своите наочари кои проектираат анимации со висока резолуација преку реалниот простор. Microsoft во март започна со испраќање девелоперски сетови за својот HoloLens хедсет. Facebook го купи Oculus, пионери во виртуелната реалност, за 2 милијарди долари. Со сите големи технолошки играчи кои инвестираат, Изменетата Реалност се развива брзо.

Пет начини како маркетерите може да одговорат на Изменетата Реалност

Како маркетерите да се подготват за овој нов, визуелно привлечен, вештачки свет? Ова се пет основни стратегии за адвертајзинг во виртуелниот простор. И скоро сите сега може да бидат тестирани.

  1. Адвертајзинг пресретнување.Да, виртуелните адвертајзинг банери се веќе тука. VirtualSky е нова адвертајзинг мрежа која го промовира AR еквивалентот на pre-roll и видео реклами; нивните “Sponsor Ads” претходат на секоја виртуелна играчка сесија со 5-10 секунди реклама, додека пак подолгите формати создаваат 360 степени верзија на телевизиски спот. SecondAds.com е друга мрежа на реклами кои ‘гео-таргетираат’ места во рамки на виртуелните гејминг светови, како што е донекаде застарената Second Life. Ова нема да им се допадне на оние кои не ги сакаат адвертајзинг банерите, но овој тип на AR реклами ќе се зголемуваат.
  1. Собирање на податоци, анализа и предвидувања. Вториот потег во Изменетата Реалност за маркетерите е да собираат нови податоци за корисниците од Изменетата Реалност. Таа нуди уникатна динамика, така што преку комбинирањето на виртуелните светови со допир на физичката реалност, може да го следи движењето и реакциите на потрошувачите во просторот како што тие регираат во секоја околина.

Physical movement and digital engagement via AR will create new opportunities to predict what humans are about to do. На пример, MIT професорот Алекс Пентланд веќе ги ‘копаше’ податоците од мобилните телефони за да предвиди кога одредени групи на луѓе се заразени со грип. Кога луѓето почнуваат да се чувствуваат лошо, тие помалку патуваат и им се јавуваат на своите сакани многу почесто. Преку прибирањето на овие сигнали, Пентланд може да одреди кои места во одредени градови имаат поголема или помала концентрација на заболени од грип.

  1. Пренасочување на гео-трагетирањето.Третата употреба на Изменетата Реалност ќе биде комбнирањето на визуелни препреки со физички локации за да пренасочуваат потрошувачи. “Lure Modules” во рамки на Pokemon Go се едно првично вкусување на овој пристап, при што корисниците може да создаваат групи на виртуелни суштества за да привлечат други играчи во нивните продавници или ресторани. Секоја апликација со Изменета Реалност е можност за постирање на виртуелна понуда која води до вашата бизнис локација.
  1. Изградете визии во мали мобилни екрани.Најмагичниот аспект на Изменетата Реалност е што може да ги претвори малите мобилни екрани – сега ограничување за адвертајзерите кои се обидуваат да туркаат реклами без да ги раздразнуваат корисниците – во прозорци кон еден огромен свет. Ова е важно, бидејќи сите имаат телфони, додека пак ќе бидат потребни неколку години за HoloLens или Magic Leap наочарите да стигнат со масите (Deloitte предвидува дека само 2.5 милиони хедсетови за виртуелна реалност ќе бидат продадени глобално во 2016). Според одредени шпекулации, компанијата Retinad дизајнира виртуелни реклами кои ‘лебдат’ во мобилниот простор додека корисникот не потроши неколку секунди директно да ги гледа; ова поттикнува проширување, слични на pop up-ите. Проширувањето на визуелниот свет на мобилните ги остранува ограничувањата на малите iPhone екрани за маркетерите.
  1. Создавање на платформи на виртуелен свет. Дојдовме до петата опција, каде брендовите создават свои светови на Изменета Реалност. Замислете, Nike може да изгради AR свет во кој сите се врвни атлети. Revlon или Axe може да лансираат виртуелна апликација за убавина која автоматски ги ‘измазнува’ линиите на лицата и фризурите на секој околу вас. Секоја победничка AR ‘платформа’ ќе биде како некоја популарна кабловска телевизија, а потрошувачите ќе се ‘кликнат’ во светот во кој сакаат да живеат.

Тоа е тоа. Изменетата Реалност ќе има pop up реклами, нови патеки на податоци и нови начини за пренасочување на однесувањето. Но, вистинската трка ќе биде да се стане новиот Facebook, победничката AR платформа која го обојува светот во боите на вашиот бренд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365