Home » Во фокусот » Marketing Kingdom Skopje: Попустот за билетите истекува овој петок!

Marketing Kingdom Skopje: Попустот за билетите истекува овој петок!

Оние, кои се заинтересирани да учествуваат на Marketing Kingdom Skopje, најочекуваниот маркетинг-настан во Македонија, треба да ги купат своите билети до петок затоа што ова е последниот ден за да добиете билети со попуст за настанот.

Marketing Kingdom Skopje се одржува на 30 септември во хотел „Александар Палас“ и вклучува презентации од најважните маркетинг-гуру во светот, меѓу кои:

  • Речиси скоро совршеното рекламирање: Како маркетингот целосно се промени и остана истиот од Лазар Џимиќ, поранешен раководител за планирање бренд, Google ZOO NACE
  • Креирање впечатлива содржина: Како да ги користите емоциите во рекламната содржина за да ја привлечете публиката од Ања Јакубовски, поранешен генерален менаџер, Полска и Балтички земји, Coca-Cola
  • Користење кориснички-генерирана содржина за да ги ангажирате потрошувачите, да ги подигнете разговорите и да ја зголемите трговијата од Хедер Мичел, глобален раководител за односи со јавност и социјални мрежи, Unilever Hair Care
  • Совети за најдобро работење за тоа кои содржини го зголемуваат вашиот досег, ангажираност и поврат на инвестиции од Ноха Башир, директор за социјални мрежи, Централна и Источна Европа, Близок Исток и Африка, Visa
  • Што е следното големо нешто и во што вреди да се инвестира? Искористување на платформите во развој и иновациите на социјалните мрежи денес од Том Вебстер, глобален менаџер за интернет-заедници, Shell, UK

B&W poster - tittles

Со годишно одржување во 14 различни земји, вклучувајќи ги Катар, Азербејџан, Јордан, Египет, и Мароко, Marketing Kingdom е еден од најголемите маркетинг-настани во светот.

Настанот го организира P World, интернационална, креативна агенција, со седиште во Македонија, која работи во 30 различни земји во светот. Витаминка се платинум-спонзорот на Marketing Kingdom Skopje.

За билетите и цените за Marketing Kingdom Skopje посетете ја официјалната интернет-страница за настанот:

http://www.thepworld.com/pevents/event/135/marketing-kingdom-skopje

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365