Home » Во фокусот » Маркетинг трендови за 2018 година

Маркетинг трендови за 2018 година

Декември не е само месец обоен со празнична атмосфера. Ако не порано, тогаш во декември почнуваме да ги правиме наште планови за наредната година, како лични, така и професионални. Кај професионалните планови, помеѓу останатото, ни помагаат и трендовите. Затоа овде претставуваме некои од трендовите кои идната година би можеле да ја обележат маркетинг индустријата.

  1. Расте употребата на вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција важи за нешто ново, иако веќе со години се среќаваме со неа на секој чекор. На пример, кога ќе видиме реклами во резултатите од пребарувањето на пребарувачите и на социјалните мрежи.

Податоците велат дека 57% од маркетинг и продажбата веќе користат вештачка интелигенција. Растот на вештачката интелигенција е поврзан со оптимизација на технологијата и затоа се очекува дека употребата на ваштачката интелигенција во следните две години да порасне за 53%.

    2. Расте употребата на видео снимки во живо

Исто како и вештачката интелигенција, не се новина ниту видео снимките во живо, чијашто употреба расте се` повеќе. Не се омилени само во маркетингот, бидејќи ги користиме во нашиот секојдневен живот. Дури 80% од корисниците на интернет гледаат видео содржини во живо, без да прочитаат  никаков текст за нив. Според податоците одФејсбук, видео објавите во живо се три пати повеќе гледани од останатите.

Во живо можете да се јавите, да речеме од некој настан кој го организирате и на тој начин во настанот да ги вклучите и оние кои не се физички присутни на настанот. Сега е вистинско време на потрошувачите да им покажете каква е празничната атмосфера кај вас, како се одвива празничната продажба или каква е вашата празнична понуда.

       3. Во пораст се и мобилните видео содржини

Доколку вашата интернет страница или маркетинг стратегија не се прилагодени за мобилна верзија, тогаш 2018 година е вашата последна шанса. Имено, пребарувачите без тоа нема да Ве вклучат на својата листа за пребарување. Што се однесува до мобилните видео содржини, идната година се очекува дека гледаноста ќе порасне за околу 25%.

      4. Корисничкото искуство е крал на маркетингот

Околку 68% од стручњаците за маркетинг и продажба тврдат дека нивниот бизнис цвета заради фокусираност на корисничкото искуство. Со креирање на одлично корисничко искуство, компанијата или брендот најверојатно ќе ја освои лојалноста на своите потрошувачи. При тоа, сепак, не треба да се занемари мобилното корисничко искуство, затоа што повеќе од 50% од потрошувачите бараат информации преку мобилните уреди. Се предвидува дека тој процент ќе се порасне идната година на 70%.

      5. Content маркетингот станува сè попопуларен

Дури 70 отсто од луѓето велат дека повеќе би сакале да дознаат за компанијата или за брендот преку статија, а не преку реклами. Содржинскиот маркетинг важи за еден од најефтините формати на маркетинг и можеме да го најдеме во повеќе облици – како блог, видео запис, инфографик…

  1. Се` повеќе се зголемува гласовното пребарување

Потрошувачите можат да го користат гласовното пребарување скоро насекаде: на паметни телефони, паметни звучници, лаптопи, таблети, десктоп компјутери. До 2020 година, 50 проценти од сите пребарувања ќе бидат гласовни.

       7. Многу телевизиски реклами

Никако не смеете да го занемарите телевизиското огласување. Идната година се Зимските олимписки игри и Светското фудбалско првенство.

Треба да се земе во предвид и телевизијата која се разликува од онаа што ја знаеме. Facebook, YouTube и Amazon имаа свои телевизиски серии. Netflix и Hulu освојуваат награди со своите ексклузивни серии кои можете да ги гледате само на нивните платформи. Се почесто се гледа и на мобилните уреди. Што значи тоа за иднината на телевизиското огласување? Како што телевизијате се сели во дигиталниот свет, така се прилагодува и телевизиското огласување, кое од класичната телевизија се почесто се сели на интернет.

  1. Стратешкото управување со социјалните мрежи е најдобриот начин за приближување кон потрошувачите

Постојаното менување на алгоритмите на социјалните мрежи го отежнува пристапот до целната публика. Доколку се` уште немате цврста база на следбеници на социјалните мрежи, тогаш 2018 година е вистинско време да го дефинирате стратешкиот план за комуницирање на социјалните мрежи.

     9. Во 2018 година не ја заборавајте генерација  Z

Иако повеќето се фокусираат на милениумците, никако немојте да ја занемарите генерацијата Z.

      10. Не заборавајте на транспарентноста

Потрошувачите читаат мислења, ги проверуваат страниците на социјалните  мрежи и ги следат коментарите. Интернетот ги соголе брендовите и бизнисите, па можностите да се сокријат или прикријат се исклучително ретки или целосно непостоечки. Затоа, не се обидувајте да се сокриете, подобро о(станете) искрени, зајакнете го вашиот content маркетинг и комуницирајте отворено.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365