Home » Во фокусот » Маркетинг365 го читаат луѓето со највисока плата во државава

Маркетинг365 го читаат луѓето со највисока плата во државава

Business

Читатели на М365 :)

Според последните два извештаи на Државниот завод за статистика, вработените во секторот маркетинг и истражување на пазарот се најплатени од сите останати професии во земјава, со просечни плати од 45 051 за Јануари и 42.277 денари за февруари.

Со оглед на тоа што на нашиот портал се споделуваат исклучиво информации кои се од интерес на маркетинг и ПР професионалците, можеме да заклучиме дека Маркетинг365.мк го читаат и луѓето со највисока плата во државава :)

[СОВЕТ] – Ако сте компанија која нуди услуги или производи од премиум сегментот наменети за луѓето со повисоки примања, па сакате да ги таргетирате “богаташите“,  Маркетинг365 (на пример) Ви е одличен медиум преку кој може да се рекламирате.

Сепак оваа просечна плата (околу 730 евра) за маркетинг индустријата во Македонија е многу далеку од европскиот просек каде примањата во поразвиените земји на месечно ниво се движат во просек околу 3 140 евра. Во Велика Британија на пример, просечната плата за позицијата маркетинг директор изнесува 6 123 фунти.

Покрај луѓето кои работат во маркетинг, останати кои спаѓаат во групата на над-просечно платени професии во државава се и оние кои работат во сегментите: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, воздухопловен транспорт, Произодство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати и Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови .

Просечната месечна плата за февруари годинава во Македонија изнесува 21.813 денари.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365