Home » Во фокусот » Мартина Димовска: Бидете постојани во она што го работите !

Мартина Димовска: Бидете постојани во она што го работите !

Мартина Димовска има 22 години и е студентка на Технолошко-Металуршкиот факултет при УКИМ. Таа е првенец на генерацијата, но зад неа има и многу други успеси и награди, меѓу кои освоено прво место со својот тим на „NASA space challenge“ и прво место на предизвикот од UNDP, кадешто таа со својот тим направиле паметни влошки коишто генерираат електрична енергија. Таа е прогласена и за најмлад НАСА ментор за 2015 година, најдобар македонски студент и најмлад иновативен научник. Беше и гостин на 15-то Бизнис кафе, кое се одржа на 31 март.

martina dimovska

За време на нејзиното претставување на Бизнис кафе, дознавме повеќе за нејзините награди, но и за нејзините мотиви и амбиции.

Во поглед на решението на предизвикот на НАСА, тимот на Мартина дале план за принтање на делови од ровер од НАСА, но и правење платформа за пријавување на решенија и придонесување од сечија страна. Со тоа, освен што дале решение за предизвикот, нивното влијание е глобално со тоа што направиле план за полесно доаѓање до решенија од страна на НАСА.

Кога станува збор за влошките, кои моментално се патентираат, Мартина била главниот инженер во тимот кој ги изработувал. Мартина и тимот се пријавиле на отворениот повик за натпреварот на UNDP и сфатиле дека изработката на влошките била изводлива и во рамки на нивните можности, како и во границите на паричната награда од 10.000 евра од UNDP. Тие имале поддршка од ТМФ во целата работа, а прототипот бил и тестиран пред јавноста. Влошките функционираат преку комбинацијата на материјали во нив и со притисокот од личноста која ги носи се генерира електрична енергија со која се полни батеријата, која може да се искористи за полнење на било кој уред со УСБ-приклучок.

Во сите тие натпревари, клучен фактор било тоа што тимовите на Мартина секаде биле најмлади. На секој од натпреварите, Мартина смета дека имале предност што жирито било интернационално, со оглед на тоа што постоела доза на скептицизам при секое пријавување бидејќи нивните идеи изгледале необично овде.

Почетни грешки секогаш има, вели Мартина. Нејзините грешки биле тоа што во натпреварите се обидувала да среди сè. Тогаш научила да им верува на останатите во тимот и внимателно да ги одбира членовите на својот тим. Потоа, таа наведува дека згрешила кога на почетоците не ја воочувала разликата меѓу професионалноста и пријателството.

Мартина нема нешто што ја мотивира. Таа вели дека од мала е научена вредно да работи и да ги завршува сите обврски пред да си даде право на одмор.

Останатите студенти ги советува секогаш да бидат постојани во она што го работат и да ја насочат својата кариера во насока на своите цели. Таа смета дека треба да се знаат своите планови и цели и доколку во модерниот свет не знаете што сакате да станете, отворате можност за општеството да ве контролира.

Она што следува за Мартина е пракса во ЦЕРН, како и семестар на американски универзитет, за што добила стипендија.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365