Луксузниот автомобилскиот бренд “Масерати“ најави нова кампања во која беше претставен новиот глобален амбасадор, светски познатиот поранешен фудбалер, Дејвид Бекам.
Рекламниот спот на компанијата го прикажува Бекам како разиграно вози во кругови во еден од автомобилите на овај бренд. Неговата цел е да го пренесе „стилот, технологијата и ексклузивноста“ на Масерати, се вели во соопштението на компанијата.
„Масерати главно се наметнува да ја оспори состојбата на статус кво со тоа што по својата природа е иновативен, страствен и уникатен по дизајн. Партнерството со Дејвид Бекам е олицетворение на сите овие вредности“, вели маркетинг директорот на компанијата Масерати, Паоло Тубито, додавајќи дека брендот „oди напред “во новата ера.
Бекам го опиша Масерати како „култен италијански бренд кој ја споделува неговата страст кон најдобрите иновации и дизајн“.
„Со нетрпение очекувам да соработувам со брендот во таков клучен момент од нивната историја и да го продолжам нивниот раст на глобално ниво“, изјави славниот фудбалер.
Бекам е амбасадор и на брендот шкотско виски Haig Club и на луксузниот бренд на часовници Tudor.