Home » Во фокусот » МАСИТ најавува два големи настани: Конференција за дигитална транформација и Форум за регулатива на ИКТ индустрија

МАСИТ најавува два големи настани: Конференција за дигитална транформација и Форум за регулатива на ИКТ индустрија

Глобалната дигитализација во целост ги презема сите процеси на секојдневното функционирање, како во Македонија, така насекаде и во светот, со што  предизвикува постојани промени и потреба за прилагодувања со радикална брзина. За начините и моделите на соочување и имплементирање на овие промени, ќе говорат бројни еминентни имиња од ИКТ индустријата од земјава и странство на овогодинешната конференција на МАСИТ со тема: Дигитална трансформација во Македонија, предизвик или реалност?

Конференцијата ќе обедини мултидисциплинарни презентации, панели и успешни приказни  чија цел е изнаоѓање на конструктивни решенија за здрава и ефикасна дигитализација на сите бизнис и општествени процеси во државава, со оптимално следење на глобалните текови. Internet of things, Cloud services, Cyber Security и сродни теми кои се од важност за секоја индустрија ќе бидат темелно дискутирани во правец на подобро позиционирање на македонскта ИКТ индустрија на светскиот пазар и зголемување на можноста за уште поголем извоз на ИКТ услугите. Конференцијата ќе се одржи на 27.09.2018 во Скопје, во хотел Александар Палас.

Паралелно со конференцијата, во рамки на проектот на УСАИД ,,Партнерство за подобра бизнис регулатива,, МАСИТ во улога на партнер на проектот, заедно со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на Стопански комори и ЕПИ Центар Интернационал организира и форум со тема: ,,Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија,,. Во рамки на овој настан преку две панел дискусии, од страна на експерти, претставници од бизнис заедницата и највисоки претставници на релевантните државни институции, ќе се дискутира на темите кои се најзначајни за ИКТ индустријата: “ДАНОЦИ: трендови и нивно влијание врз ИКТ секторот и развојот на економијата во Република Македонија”, и “Како да го зголемиме обемот на ИКТ кадри во Република Македонија”. Форумот ќе заврши со трета сесија во рамки на која ќе бидат презентирани алатките (бизнис портал, листи за усогласеност со бизнис регулатива, Прашај експерт и позициски документи) развиени во рамки на проектот на УСАИД ,,Партнерство за подобра бизнис регулатива,, со кои целта е да им се помогне на компаниите да бидат комплетно усогласени со целокупната бизнис легислатива. Форумот ќе се одржи на 24.09.2018 во Битола, хотел Епинал и 26.09.2018 во Скопје во хотел Александар Палас.

Линк за регистрација на двата настана:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScNDjVX3KNsO6YiB1c96U56dr1k-U4YVEkmw6Yrs2fX9OL6vA/viewform

Повеќе иформации и агенда за настанот:

http://www.seeita.org/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365