Според годишниот b-report на словенечкиот Marketing Magazin, кој ги рангира најважните кампањи од регионот наградени на национални, регионални, европски и светски адвертајзинг фестивали, McCann Белград е најдобра агенција и во Србија и во регионот, а кампањата “Ви благодариме доктори”, која е реализирана во соработка со медиските партнери и магазинот Неделник, е најнаградувана кампања во регионот.
„Многу сме горди на успесите во текот на 2020 година, која беше предизвикувачка и неизвесна за сите. Во основата на нашата филозофија е одржливата креативност, која ја покажа својата сила и потенцијал преку многу проекти што ги реализиравме во соработка со долгорочните клиенти и партнери. Во 2021 година влеговме посилни, поблиски и мотивирани да продолжиме со нашата работа и креативност, да иницираме социјален дијалог и да ги поместиме границите“, рече Јелена Јазиќ, директор на агенцијата McCann Белград.
На регионално ниво, McCann Белград е најдобра агенција, кампањата „Ви благодариме, доктори“ е најдобра кампања, а списанието Неделник е најдобар огласувач. Во Србија, McCann Белград е најдобра агенција, Неделник е на второ место како огласувач, додека кампањите на агенцијата „Ви благодариме, доктори“ и „Плазма ритуали“ се најдоа на второто и третото место на ранг листата.
„Од прогласувањето на пандемијата, на сите ни беше потребно во нешто да пронајдеме смисла. Силата на креативноста лежи во нејзината моќ да го најде патот до светлината дури и во најпредизвикувачките моменти. Ние ги ставивме нашето знаење и креативност во служба на нешто поголемо и најдовме мотивација и ентузијазам да продолжиме понатаму“, нагласува Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор во McCann Белград.
За време на подготовката на B-report, Marketing Magazin спроведува преглед на фестивалите на кои учествуваат агенции од Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Босна и Херцеговина -Cannes Lions, Eurobest, Epica, ADCE, Golden Drum, Effie Awards, SEMPL, DIGGIT, WEBSI, Outstanding, BalCannes, SOF, Ideja X, Weekend Media Festival, Kaktus и UEPS.
Целиот извештај погледнете го на следниот ЛИНК.