Home » Во фокусот » McCann и MTS ја спасуваат природата со новата кампања и понуда

McCann и MTS ја спасуваат природата со новата кампања и понуда

Дури 90 проценти од младите луѓе веруваат дека општествено одговорните активности треба да бидат дел од работењето на секој сериозен бренд, според резултатите на истражувањето “Вистината за младите“ спроведено од McCann Truth Central Белград. Тие сакаат да започнат нешто што има смисла, со кое тие може да се поистоветат и каде што може да учествуваат. Оваа потреба ја препозна компанијата mts и заедно со агенцијата McCann Белград, направи стратешки чекор со кој им овозможи на сите корисници да станат активисти во зачувување на природните убавини на Србија.

Најновите mts постпејд тарифи, Морава, Оморика и Соко, се издвојуваат пред се` со тоа што од секоја месечна сметка, се издвојува 1 динар за заштита на природата на Србија. Тарифата Морава е именувана по најголемата река во Србија,  Оморика е именуван по Панчиќева оморика, ендемичско иглолисно дрво од областа на западна Србија и Соко, според Степскиот (Банатски) сокол кој живее само во Југоисточна Европа и дел од централна Европа.

Вера Аќимовиќ, стратешки планер во McCann Белград, вели: “Повеќето од нас чувствуваат одговорност светот да го направат подобро место за генерациите што доаѓаат, а заштитата на животната средина и загрозените видови, во таа смисла, се приоритет и еден од доминантните CSR трендови во светот. Во најновата кампања за mts, ние се справуваме со теми чија важност јасно ја препознаваат корисниците на брендот, а од друга страна ја промовираме новата продажна понуда. На иновативен начин ја активираме нацијата и ја поврзуваме со брендот, градејќи вистинска врска и партнерство за многу добри дела во иднина.”

“Цел е збор што често се споменува во теоријата на современата комуникација, како врска која ги поврзува современите брендови со денешните луѓе. Многу сум горда на оваа соработка и пионерска иницијатива на брендот mts во овој регион. Од денес ќе зборуваме, испраќаме пораки и користиме интернет на телефон, знаејќи дека на тој начин сме дел од нешто поголемо”, изјави Јана Савиќ Растовац, креативниот директор на McCann Белград.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365