Антун Крижанчиќ неодамна ја презеде позицијата Managing Director на агенцијата McCann Zagreb од Ивица Скочиќ, кој одлучи својата професионална кариера да ја продолжи надвор од агенцијата.
Антун Крижанчиќ речиси пет години е дел од агенциската сцена во Загреб, во рамки на UM, Initiative и McCann, членки на AMA Group. Како финансиски директор, тесно соработувајќи со агенциските тимови и клиентите, стекнал длабоко разбирање за работењето и процесите внатре во агенциите. Претходно работел во KPMG, HBO и Grupа Charles André, каде ги усовршувал своите вештини во областа на финансиите и менаџментот.
„Оваа улога претставува континуитет на мојата досегашна работа и јасна посветеност кон долгорочниот развој на агенцијата. Во изминатиот период дополнително го зајакнавме тимот и собравме силен круг на искусни професионалци на клучни позиции. Комбинацијата на континуитет и нова енергија ни дава стабилност и ширина за следната фаза на раст, како и простор да бидеме поамбициозни, похрабри и уште порелевантни на пазарот“ – посочува Антун Крижанчиќ.
McCann Zagreb работи повеќе од три децении и е дел од една од најголемите светски агенциски мрежи, McCann, присутна во повеќе од 100 земји. На глобално ниво, мрежата McCann е препознаена како креатор на современиот модел на огласувачка агенција, создавајќи некои од најпознатите, најинтересните и најрелевантните рекламни кампањи. McCann Zagreb е дел од AMA Group, која поврзува осум динамични пазари во Југоисточна Европа: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Бугарија.

















