По повод враќањето на утринското мени за појадок во британските ресторани на McDonald’s, брендот за брза храна лансираше нова кампања во која го слави овој најважен оброк во денот.
Централниот спот во кампањата отпочнува со сцена во која една жене ја подигнува од пред врата својата нарачка на утрински бургер од McDonald’s. И додека сите околу неа се брзаат да се подготват за претстојниот ден, таа смирено си седнува во фотеља да ужива во својот оброк.
Со каснувањето на првиот залак отпочнува колаж на снимки од еден куп други луѓе во најразлични ситуации кои исто така уживаат во своите утрински оброци од McDonald’s. Колажот е проследен со песната “This Will Be (An Everlasting Love)” од Натали Кол.
Покрај рекламата, кампањата ќе биде прорпатена и со различни outdoor, дигитални, радио и принт активности. Статичните креативни решенија кои се дел од кампањата прикажуваат празна хартиена обвивка во која претходно биле завиткани оброци од McDonald’s, заедно со слоганот: “Breakfast, done properly” („Појадок, направено како што треба“).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Leo Burnett и продукциската куќа Rogue, а медискиот закуп е задача на OMD.