Еден од најчестите начини на кои луѓето наоѓаат занимација за време на карантинот е составувањето на сложувалки – и тоа колку посложени, толку подобро.
Во таа насока McDonald’s во Белгија, со помош на агенцијата TBWA/Belgium, создадоа брендирана сложувалка од 500 парчиња која прикажува еден голем и налик многу вкусен хамбургер.
„Ова е првиот McDonald’s бургер кој не е составен од едно или две, туку од стотици парчиња месо, стои во соопштението на агенцијата TBWA\Belgium.
Во сличен стил, познатиот бренд на кечап Heinz издаде своја сложувалка во Канада која се состои од 570 парчиња во иста, црвена боја на кечап, за на крај да се добие една голема и униформна црвена слика – е веќе тоа е предизвик!
„Постојано бараме начини како да понудиме нешто што е забавно и контекстуално релевантно и ќе предизвика насмевка кај нашите потрошувачи, а оваа смешно спора, целосно црвена Heinz-кечап сложувалка изгледаше како совршеното решение,“ истакна Брајан Неуман, бренд менаџер во Kraft Heinz Canada.
Креативната агенција која стои позади сложувалката на Heinz е Rethink Canada.