Home » Во фокусот » McDonald’s лансираше паметни билборди чија што порака зависи од густината на сообраќајот

McDonald’s лансираше паметни билборди чија што порака зависи од густината на сообраќајот

McDonald’s се приклучи на трендот на паметно OOH огласување засновано на моменталните податоци

Да се заглави во сообраќајот на крајот од работниот ден е замор за секој и заради тоа McDonald’s се одлучи да се приклучи на трендот на паметно OOH огласување засновано на податоци.

На тој начин, брендот се надева дека со новото креативно таргетирано огласување ќе ги убедат патниците да застанат во некои од нивните блиски ресторани, за да каснат нешто на пат кон дома.

McDonald’s и нивната агенција Leo Burnett започнаа кампања со дигитални билборди кои користат комбинација на онлајн и физички податоци во реално време за да ги одредат условите во сообраќајот и според нив, соодветно ја менуваат својата порака.

Имено, дигиталните билборди поставени на патиштата ги рекламираат Биг Мек бургерите кога нема гужва во сообраќајот, но кога ќе почне гужвата и сообраќајот е густ, креативата се менува и пораката гласи: “Заглавени во сообраќајот? Светлината е на крајот од тунелот.”

Агенциите OMD и Talon го направија медискиот закуп за оваа кампања која се спроведува во 10 градови во Велика Британија.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365