Home » Во фокусот » Мекдоналдс направи нови сообраќајни знаци до своите ресторани и тоа користејќи го исклучиво своето лого

Мекдоналдс направи нови сообраќајни знаци до своите ресторани и тоа користејќи го исклучиво своето лого

Агенцијата Cossette пронајде навистина остроумен начин практично да ги искористи Златните лакови на Мекдоналдс

Брендирањето на Мекдоналдс е толку познато што може да комуницира исто толку добро и кога се претставува во исклучително минималистичка форма, а најдобар пример за тоа доаѓа од Канада, каде што овај ланец за брза храна во новата кампања користи само делови од своето лого за создавање на нови и уникатни сообраќајни знакови.

Агенцијата Cossette ги зеде славните златни лакови од логото на овој бренд и ги исече на делови, за да ги искористи како покажувач на насоката до најблиските ресторани на Мекдоналдс. Кампањата “Следете ги арките” ги претвара деловите од жолтите М букви во знакови, со упатства кои возачите може да ги следат многу лесно.

“При правењето на нов систем за давање насоки, забележавме дека насоките се веќе тука, во самото лого”, изјавија од брендот. “Отсекувајќи ги златните лакови во насоки и со поедноставување со визуелните податоци до она што е единствено важно, претворивме еден недоволно искористен медиумски простор во едноставен и унифициран дизајн, кој е прилагодлив за било кој пазар низ светот.”

Кампањата засега вклучува само четири плакати (три статични и еден дигитален) во високопрометните делови од Торонто. Питер Игнази, главниот креативен директор на агенцијата Cossette, изјави дека концептот конечно би можел да го реши проблемот со стотици различни дизајнирани плакати, не само во Канада, туку и ширум светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365