Home » Во фокусот » McDonald’s покажа дека и грешките можат да бидат добри во маркетингот

McDonald’s покажа дека и грешките можат да бидат добри во маркетингот

Правејќи намерни правописни грешки на своите кутии за донации, McDonald’s лансиреше вирална кампања која што ја воодушеви нацијата

McDonald’s претходниот месец во Египет намерно направи правописни грешки во пораките на своите кутии за донации, а потоа ангажираше инфлуенсери на социјалните мрежи да ги споделуваат нивните грешки и да ги поттикнат нивните следбеници да ја исмејуваат компанијата. Откако направија врева, McDonald’s откри дека нивните грешки се намерно направени со цел да ја подигнат свеста (и парите во борбата) за нееднаквоста во образованието, што е едно од важните прашања во Египет.

Не се сите доволно образовaни да ги забележат таквите правописни грешки, и токму тоа беше пораката на McDonald’s. Видеото во кое ја објаснија својата стратегија, стана вирално и собра 1,1 милиони прегледи во рок од 12 часа од објавувањето и повеќе од 5 милиони од тогаш до денес.

Во таа смисла, грешката на McDonald’s e многу остроумна, бидејќи го привлече вниманието кон една важна тема, ставајќи ја метата на себе и луѓето едвај дочекаа да нишанат на таа мета, само за подоцна да ја откријат вистинската цел, што на компанијата и овозможи да собере бројни пофалби за својот креативен пристап.

#لو_مضايقاك_غيرها

ضايقتك الغلطات الإملائية؟ليك حق، بس مش كل الناس عندها نفس الفرصة في التعليم..اتفرج على الڤيديو عشان تعرف أكتر.#لو_مضايقاك_غيرها#بالباقي_تعليم

Posted by McDonald's on Thursday, October 26, 2017

 

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365