Home » Во фокусот » McDonald’s прогласен за огласувач на годината во Азија

McDonald’s прогласен за огласувач на годината во Азија

Фестивалот Spikes Asia откри дека McDonald’s е овогодинешниот добитник на престижната награда “Огласувач на годината” – највисоко признание за брендови кои се издвојуваат по квалитетот и иновативноста на нивните креативни кампањи во Азија.

Како глобален бренд кој внесува посебен “вкус” во секој од различните азиски пазари, McDonald’s успешно го одржува истиот, силен бренд интегритет. Преку постојаното унапредување на своите маркетинг и комуникациски напори, особено да ги запази разлижните културни нијански на локалните пазари низ Пацифичка Азија, брендот конзистентно демонстрира одлични креативни проекти и во текот на изминатите неколку години доби искрени признанија за храброста во адвертајзингот.

Во 2017 година, McDonald’s реализираше шест кампањи во три различни азиски држави, за кои освои 10 Spikes Asia награди.

Џо Пулос, директор на фестивалот Spikes Asia, по повод објавувањето на наградата коментираше: „Наградите Spikes Asia се наменети да ја слават и наградуваат азиската креативност, а McDonald’s оствари монументален успех за нивната бренд комуникација, како во Азија, така и во светот. Тој е инстантно препознатлив бренд кој продолжува да еволуира и да се движи кон повисоки стандарди во својата креативност. Ние сме многу возбудени што сме во можност да ја наградиме посветеноста на компанијата кон иновативните комуникации.“

Од 2015 година, McDonald’s има освоено 21 Spikes Asia награди, често со акцент на технологијата и остварените резултати за ефективност, вклучувајќи награди за кампањите како “McNow”, “Capacity Based McDelivery” и “Snaplications”.

Ник Род, директор за маркетинг на McDonald’s Asia, ќе ја прими наградата за време на свечената церемонија на Spikes Asia која ќе се одржи на 28 септември. „Оваа награда им припаѓа на нашите агенциски партнери и нашите тимови во различните пазари. Тие играат витална улога во обезбедувањето на конзистентноста на McDonald’s и продуцираат иновативни кампањи, одличен адвертајзинг и унифицирани бренд комуникации низ регионот. Ние работиме заедно за да го оствариме ветувањето на нашиот бренд – вкусни моменти кои нашите потрошувачи ги прават да се чувствуваат добро. Оваа награда го демонстира нашиот успех во разбирањето и интеракцијата со нашите потрошувачи, кои се во центарот на се’ што правиме. Пофалби треба да се упатат и до нашите франшизи, добавувачи и вработени кои нудат вкусна храна и одлично гостопримство, остварувајќи го ветувањето на нашиот бренд.“

Spikes Asia е креативен фестивал кој во текот на три дена ја собира креативната заедница на Пацифичка Азија заедно на едно место, со цел да се слушнат поуките од лидерите во индустријата како Венди Кларк, CEO на DDB Worldwide, Али Рез, креативен директор за Блискиот Исток на BBDO, Лакиш Хаталкар, Менаџинг-директор на Johnson & Johnson Indonesia, и други. Повеќе детали може да се прочитаат на официјалниот веб-сајт на фестивалот: www.spikes.asia.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365