Home » Во фокусот » McDonald’s се извини и ќе ја повлече последната реклама

McDonald’s се извини и ќе ја повлече последната реклама

Откако приказната за момчето и неговиот починат татко се објави, од McDonald’s U.K. најавија дека спотот ќе биде повлечен од екраните и медиумската експонираност.

Потврдуваме дека донесовме одлука да ја повлечеме нашата ‘Dad’ ТВ реклама“ беше истакнатo во изјавата на брендот. „Рекламата ќе биде остранета од сите медиуми вклучувајчи ги ТВ екраните и кината комплетно и трајно во текот на оваа недела. Не беше наша намера да предизвикаме вознемиреност. Исклучително ни е жал што рекламниот спот можеби ги разочара оние кои ни се најважни нам како бренд- а тоа се нашите потрошувачи“ – додаваат од компанијата.

Последната реклама прикажана е на 17ти мај. Од брендот посочуваат дека ќе погледнат подлабоко во креативниот процес и ќе се осигураат оваа ситуација повеќе да не се случи во иднина.
Спотот на McDonald’s, креиран од страна на  Leo Burnett London, приказната ја фокусира на младо момче кое го загубило својот татко одамна и веќе нема сочувани спомени од него. Момчето во прошетка со својата мајка добива подобра слика преку нејзините приказни за него. Детето многу и не наликува на својот татко освен во еден важен аспект.
Критиката на спотот беше најжестока од страна на новинарите кои посочуваат дека истиот е вознемирувачки за децата кои ги изгубиле своите родители. Социјалните медиуми и коментарите воопшто не оставија никого рамнодушен.

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365