Американскиот бренд на грицки Cheetos претстави нова креативна кампања во која се појавуваат раперката Меган Ди Сталион и рок-групата Nickelback, обединети во неочекувана музичко-рекламна соработка.
Во центарот на приказната е хумористичен заплет во кој Меган, за време на снимање, ги бара своите омилени Cheetos Flamin’ Hot Dill Pickle, но по грешка добива сосема поинаков „пакет“ – членовите на Nickelback.
Она што следува е низа апсурдни и динамични сцени, каде што музичарите се впуштаат во авантура за да ги „вратат“ грицките, додека се соочуваат со симболични пречки и комични ситуации.
Музичкиот дел од кампањата претставува пародија на култната песна „How You Remind Me“ на Nickelback, што дополнително ја засилува врската со поп-културата и ја прави содржината привлечна за широка публика.
Кампањата, реализирана од креативната агенција Gut Miami во сорабока со режисерот Дејв Маерс, има и конкретна маркетиншка цел – повторното лансирање на популарниот вкус Flamin’ Hot Dill Pickle, кој веќе покажа извонреден успех на пазарот, проследено со активности што вклучуваат и хуманитарна поддршка.

















