Home » Во фокусот » Mercedes-Benz ја избра Публицис за своја глобална агенција

Mercedes-Benz ја избра Публицис за своја глобална агенција

Mercedes-Benz ја избра Публицис групацијата како своја глобална агенциска мрежа. Publicis Groupe ќе биде задолжена за сите креативни и дигитални кампањи на овај автомобилски бренд.

Ангажманот ќе опфати околу 40 пазари ширум светот, не вклучувајќи ги САД, Германија и Кина, со кои ќе  раководат Merklei & Partners, Antoni и BBDO. Публицис групацијата, исто така, ќе соработува со другите партнерски агенции во креирањето на кампањи, соопштија од компанијата Mercedes-Benz.

По повод добивањето на овој голем глобален питч, беше формирана и нова агенција наречена Publicis Emil. Новата агенција, со седиште во Берлин, ќе вклучува таленти и експертиза од Publicis Communications, Publicis Media, Publicis Sapient и Publicis One. Публицис очекува новата агенција да биде целосно во функција до 1 јули.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365