Home » Во фокусот » Mercedes-Benz прогласен за Огласувач на годината

Mercedes-Benz прогласен за Огласувач на годината

(СВЕТ) –  Eurobest – европскиот фестивал на креативноста го прогласи Mercedes-Benz за овогодишен Огласувач на годината.

Eurobest 2014 awards 2

Louise Benson, директорката на Eurobest фестивалот по повод ова доделено признание искоментира дека Mercedes-Benz е бренд кој е “очигледно неверојатно предан кон креативноста преку целата своја комуникација“.

Огласувач на годината е признание кое фестивалот еднаш годишно го доделува за компаниите кои се истакнуваат со иновативен маркетинг на своите производи, кои ја прифаќаат и поттикнуваат продукцијата на креативната работа на своите агенции.

Во последните четири години Mercedes-Benz освои вкупно 17 Еуробест награди, вклучувајќи ги и Grand Prix во категоријата Direct за кампањата Daimler „The Invisible Drive“ која исто такао однесе и златни награди во Outdoor и Promo&Activation

Eurobest оваа година се одржува од 1 до 3 декември во Антверп Белгија а повеќе информации за програмата побарајте на  www.eurobest.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365