Home » Во фокусот » Michael Weatherly од серијата Bull стигнува во Дубровник на New Europe Market

Michael Weatherly од серијата Bull стигнува во Дубровник на New Europe Market

Дека холивудските ѕвезди сакаат да доаѓаат во Хрватска, особено во текот на летните денови, докажува уште една претстојна посета на познат актер. Michael Weatherly, ѕвезда на серијата Bull, во јуни ќе биде специјален гостин на најголемиот медиски настан во нашиот регион кој ги собира професионалците од ТВ индустријата. На New Europe Market, кој по петти пат ќе се одржи во хотелот Палас во Дубровник од 12 до 15 јуни, посетителите ќе имаат прилика да го слушнат Weatherly во опуштен разговор со Антонија Мандиќ.

Michael Weatherly на телевизиската публика и е познат по серијата Navy CIS во кој го глумеше агентот Tony DiNozzо од 2003 до 2016 година. Weatherly глумеше и во SF серијата Dark Angel, а се појави и во сериите Loving, Significant Others и Jesse. Глумеше и во филмовите Charlie Valentine, Trigger Happy, The Last Days of Disco, The Specials, Venus and Mars и Gun Shy.

Во 2016 година Weatherly полициската станица ја замени со судница во многу гледаната драма Bull која е инспирирана од раната кариера на познатиот психолог Dr. Phil McGraw кој се прослави на Опра Шоу. Dr. Jason Bull е брилијантен, самоуверен и шармантен консултант кој ја комбинира психологијата, интуицијата и високата технологија со цел да сфати зошто поротниците, адвокатите, сведоците и обвинетите се однесуваат така како што се однесуваат. Сите епизоди од серијата Bull моментално се прикажуваат на стриминг видеотеката Pickbox.

 „Одушевен сум што ќе бидам дел од NEM ова лето“, изјави Weatherly. „Хрватска е прекрасна земја и се радувам што ќе го споделам своето фантастично искуство на Bull во преубавиот Дубровник.“

Weatherly е роден во Њујорк, а моментално со сопругата и двете деца живее на релација Лос Анџелес-Њујорк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365