Многумина не го сакаат 1 април поради честите невкусни шеги и последиците до кои можат да доведат. Мајкрософт води кога станува збор за спречување на хумористични незгоди на работното место, односно на вработените им е наложено да не учествуваат на првоаприлскиот занес.
Имено, маркетинг директорот Крис Капосел им се обрати на вработените со циркуларен мејл во кој истакна дека “податоците укажуваат на тоа дека првоаприлските шеги ретко имаат позитивни ефекти и дека учесниците се вовлекуваат во еден бесконечен циклус”. Понатаму вели дека “им се восхитува на оние кои посветуваат време и ресурси на таквите активности”, додавајќи дека “верува дека повеќе ќе изгубат отколку што ќе добијат доколку се обидат да бидат духовити овој ден.”
Тоа е веројатно точно, бидејќи многу првоаприлски шеги имаат бројни последици, како што е онаа после која Google беше принуден да им се извини на корисниците, бидејќи на 1 април во мејловите се појавија мињоните од Despicable Me и предизвикаа хаос меѓу корисниците на Gmail. Позната е и онаа првоаприлска шега од 2013 година, кога Google и Microsoft си разменува навреди, а тој 1 април остана познат како ден на “Гугл навреди.”
Денот на шегата е традиција која трае веќе 500 години, а Мајкрософт очигледно одлучи да ја отстрани традицијата од работниот простор и останува да се види дали другите компании ќе донесат иста или барем слична одлука.