Home » Extra 5 » Microsoft се помири со Apple во новиот празничен спот

Microsoft се помири со Apple во новиот празничен спот

После издржувањето на многубројни напади од страна на Microsoft изминативе години, Apple можеби имаше причина да се однесува со претпазливост, дури и непријателски, кога забележа како десетици Microsoft вработени се приближуваат до Apple продавницата на Петтата Авенија во Њу Јорк на 16 ноември.

Но, како што се покажа, Microsoft доаѓаше во мир, да сними празничен спот за надминување на непријателството и прифаќањето на хармонијата и заедништвото.

Погледнете го спотот кој беше објавен од снимките од тој ден:

Кампањата на m:united//McCann, започна како прослава на Microsoft за своето присуство на Петтата Авенија – во Октомври таму ја отвори својата главна продавница. И како што наближуваа празниците, компанијата почувствува дека треба да се прикаже како добар сосед, особено кон своите конкуренти малку понасевер.

Microsoft одржа аудиции низ земјата за да го состави својот хор од вработени, а покана и членови од младинскиот хор на Харлем да им се придружат.  Заедно, тие ја испееа ‘Let There Be Peace On Earth’ на Џил Џексон Милер. И како што можете да видите од последните кадри на видеото, вработените на Apple беа навистина допрени од потегот.

“Тоа беше соодветно добредојде во соседството од Apple и топла прослава за почеток на празничната сезона” истакнаа m:united. И навистина, со сето насилство и непријателство на вестите во изминатиов период, овој спот изгледа навистина релевантен – мал гест на мир од корпорации кои често преферираат постојана борба.

Joel Simon Music ја аранжираа песната. Даг Катсарос беше диригент на хорот, а Ерих Џоел од Tool of North America беше режисер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365