Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum со задоволство му посакува добредојде на Михнеа Георгиу, глобален извршен креативен директор на LePub Network, во својата „Куќа на славните“ („Hall of Fame“). Тој се приклучува на престижен состав на визионери и пионери – поединци кои со страст и храброст го поттикнувале напредокот во креативната индустрија и пошироко.
Основан во 2010 година, „Golden Drum Hall of Fame“ ги слави оние кои преку својата професионална кариера и личен живот влијаеле врз нашите креативни умови и души. Креативни лидери кои не инспирирале и мотивирале, а сега ни помагаат да напредуваме во нашите стремежи.
„Јас сум од Романија и Golden Drum секогаш бил голема работа за нас. Во 2005 година, кога бев џуниор, би дал – можеби не цела нога, но барем бут – за да освојам еден. Никогаш не се случи. Не бев ни близу. Всушност, морав да чекам десет години за да освоам еден. Веројатно тоа беше за подобро, сепак бев премногу млад и би станал целосен идиот. Бидејќи сум примен во Hall of Fame е како да се враќам на почеток. Почестен сум да бидам во ваква добра компанија и вечно сум благодарен на оној кој ме предложи и гласаше за мене. Ако некогаш можам да се вратам во времето, ќе го земам деветнаесетгодишното јас и ќе му кажам: ‘смири се, биди трпелив, излегувај повеќе и зачувај го бутот. Сè ќе биде во ред.’“ – истакнува Михнеа Георгиу, LePub.
Михнеа ја започна својата кариера во огласувањето на само 19 години, како џуниор копирајтер во Букурешт, Романија. Она што следеше беше сè освен конвенционално. Тој ја напушти бизнис школата за да ја следи креативноста низ некои од најдинамичните градови во светот, вклучувајќи Хамбург, Париз, Лондон, Мадрид, Торонто, Њујорк и Амстердам.
Со текот на годините, неговата работа не само што патувала низ целиот свет, туку и поставила нови стандарди во индустријата. Михнеа има освоено импресивни 152 награди на Cannes Lions – вклучувајќи две Grand Prix и една Titanium награди – заедно со стотици други престижни награди од D&AD, Clio, The One Show, LIAA, Eurobest, Golden Drum, ANDY и New York Festivals.
Од 2017 година, Михнеа ја обликува глобалната креативна насока во Publicis Milan, водејќи извонредна работа за брендови како Diesel и Heineken. Неговиот влијание го зголеми од Глобален креативен директор до Глобален извршен креативен директор, а во 2021 година до Извршен креативен директор на Publicis Italy. Следната година, тој презеде уште поширока улога како Глобален извршен креативен директор на LePub Network.
Еден од најпочитуваните креативни лидери во регионот
Кариера дефинирана со храбри потези, глобално влијание и наградувана креативност – Михнеа продолжува да ги поместува границите на современото огласување. Тој стана 10-ти најнаградуван извршен креативен директор во светот во 2023, 8-ми во 2024 и 6-ти во 2026 година, и ја издигна LePub Milan како најкреативна агенција во светот во 2022, 2023 и 2026 година според рангирањето на WARC.
„Михнеа Георгиу ја има освоено речиси секоја голема награда, поставувајќи нови креативни стандарди за регионот и пошироко. Неговите храбри идеи, бесстрашно раскажување приказни и непопустлива визија докажуваат дека талентот од Централна и Источна Европа не само што може да се натпреварува глобално, туку и да води. Како креативен лидер во Publicis Italy и подоцна LePub, тој не само што ги водеше своите тимови – тој ги инспирираше да постигнат извонредно: шест последователни титули Агенција на годината на Golden Drum. Беспрекорна низа, поттикната од страст, прецизност и непоколеблива верба во тоа што големата креативност може да постигне. Година по година, тој се наоѓаше меѓу петте најдобри креативни директори на фестивалот, што е доказ за неговата визија и конзистентност“ – објаснува Мојца Бришчик, претседателка на Golden Drum.
Михнеа стана дефинирачки глас во креативниот идентитет на регионот, отворајќи врати за новите генерации и докажувајќи дека храбрите идеи не познаваат граници. Водејќи со храброст, оригиналност и длабоко чувство за културна вистина, тој заслужено го доби своето место во „Golden Drum Hall of Fame“.
За Golden Drum Hall of Fame
Ѕидот е само ѕид. Но, името што е впишано на него, накратко се доближува до бесмртност. Тогаш ѕидот станува „The Wall“. Фестивалот Golden Drum во своите триесет и две години постоење привлече големи визионери и сонародници кои храбро и со страст се бореа за напредокот на креативната индустрија.
Со текот на времето и напредокот на луѓето, често забораваме имиња на оние кои го поставиле темелот, на кој денешните професионалци градат големи дела. Основан во 2010 година, виртуелниот ѕид на „Golden Drum Hall of Fame“ ги чита имињата на истакнати жени и мажи. Листата расте со внимателна проценка и чувство на благодарност кон оние чија имена и дела никогаш не треба да се заборават. Секој нов член треба да биде потврден и прифатен во „Hall of Fame“ од постојните членови.
Членови на Golden Drum Hall of Fame по азбучен ред
Јуре Апих, Адриан Ботан, Фарид Чехаб, Мајкл Конрад, Иван Чимбуров, Мета Добникар, Каталин Добре, Душан Дракалски, Михнеа Георгиу, Чаба Гостоњи, Андреј Губајдулин, Ами Хасан, Мариуш Јан Демнер, Хаиме Манделбаум, Јири Микеш, Јули Немес, Јоханес Невркла, Гунсели Озен, Милка Поглијани, Улрих Проешел, Јорг Риоми, Џејсон Ромејко, Ека Руола, Даниел Ружичка, Драган Сакан, Марчин Сосински, Јурај Валулик, Витал Верлич, Јарек Жиебински и Дарек Заторски.
Фестивалот Golden Drum ќе се одржи на 12 и 13 октомври 2026 година во Grand Hotel Bernardin, Порторож, Словенија. Натпреварувачкиот дел на Golden Drum е веќе отворен за пријавување.
Клучни информации за натпреварот
Рок за пријава: 26 август 2026, 23:59 ECT
Рок за „Early Bird“ котизација: 17 јуни 2026
Објава на финалисти: 29 септември 2026
Наградна церемонија – Објавување на победници: 13 октомври 2026

















