Home » Во фокусот » Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот Тајм

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот Тајм

Само осум месеци откако беше продаден на американската медиумска група Мередит Корпорејшн, магазинот “Тајм” повторно го менува својот сопственик, a овојпат го купува милијардерот Марк Бениоф

Коосновачот наSalesforce.com, Марк Бениоф и неговата сопруга лично го купуваат Тајм за 190 милиони долари. Во соопштението на Мередит се вели дека новите сопственици “нема да бидат вклучени во секојдневни деловни или новинарски одлуки”.

Договорот може да се заврши во рок од еден месец, но прво мора да добие регулаторно одобрување.

Марк Бениоф, претседател, главен извршен директор и ко-основач на Salesforce.com, изјави тој и неговата сопруга длабоко ја почитуваат организацијата и овај познат бренд.

“Моќта на Тајм отсекогаш била во нивното уникатно пишување за луѓето и проблемите кои влијаат врз сите нас и нѐ поврзуваат”, напиша тој во твит.

Бениоф го презема Тајм во време кога иднината на печатените медиуми е неизвесна. Продажбата на Тајм падна, а магазинот се бори и со приходите од реклами.

Мередит го заврши купувањето матичната компанија Time Inc. во јануари и продаде некои од најпознатите наслови на списанието.

Според Форбс, Бениоф има богатство од 6,7 милијарди долари и не е единствениот претприемач од технолошкиот свет кој одлучил да купи традиционална печатена публикација.

Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, во 2013 година го купи Вашингтон пост, а минатата година, Лорен Пауел Џобс, филантроп и вдовица на Стив Џобс, купи мнозински удел во магазинот Атлантик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365