Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai ја објави својата прва двојазична, англиско-шпанска кампања за американскиот пазар насловена „The Miles that Unite Us“ („Милјите што нé обединуваат“).
Едноминутниот видеоспот следи разновидна група пријатели и семејства додека патуваат и создаваат спомени со нивните Hyundai автомобили, сугерирајќи дека културните разлики се намалуваат толку повеќе колку што луѓето заедно поминуваат растојание.
Кроскултурната кампања беше развиена во партнерство со маркетинг агенцијата Lopez Negrete Communications, а ќе се емитува и во медиумите на англиски и на шпански јазик во текот на 2023 година.
„Нашата прва двојазична кампања со Lopez Negrete ги трансцендентира нашите возила за вистински да ја долови перспективата на Hyundai за животот: дека иако „милјите“ обично се сметаат како индикатори за географска одвоеност, тие можат да нè обединат кога се користат за создавање искуства што нè зближуваат“ – истакнува генералната маркетинг директорка на Hyundai Motor America, Ангела Зепеда.