Сите знаеме дека агенцискиот живот не е лесен, а агенцијата Zulu Alpha Kilo одлучи тоа јасно и забавно да го прикаже преку креативен бут камп
Некои луѓе се` уште го романтизираат агенцискиот живот. Се` што гледаат кога е во прашање огласувањето е гламур и сјај. Но, тие кои мислат дека ќе станат креативни директори во рок од една година, се залажуваат многу. Тоа е пораката на ова видео од агенцијата Zulu Alpha Kilo.
Сите знаеме дека агенцискиот живот не е лесен. Некои се снаоѓаат подобро, некои полошо, но факт е дека не е лесно да се работи во агенција. Агенцијата Zulu Alpha Kilo сака да ги постави работите на своето место и затоа се одлучија за оваа смешна хипербола. Во видеото гледаме креативен бут камп, налик на оние кои можеме да ги видиме во воените филмови, со една разлика: овај бут камп ги подготвува младите агенциски креативци за нова работа или едноставно сака да ги „исплаши“ за да ја напуштат индустријата. Оттаму и називот на спотот „Scared Straight:Out Of Advertising“ во кое искусни агенциски креативци им даваат „животни лекции“ на млади регрути, а крајниот резултат е многу забавен.
“Scared Straight: Out of Advertising” всушност не е чисто комична пародија. Тоа е и реклама на агенцијата Zulu Alpha Kilo која сака да пополни 14 нови позиции во агенцијата и сака да ги привлече најдобрите луѓе за оваа работа.