Home » Во фокусот » Моќта на истражувачкото новинарство на Weekend Media Festival: Се` за скандалот кој го сруши најголемото фудбалско царство

Моќта на истражувачкото новинарство на Weekend Media Festival: Се` за скандалот кој го сруши најголемото фудбалско царство

После неколку месеци проучување на милиони страници за корупцијата во ФИФА, Jonathan Calvert и колегите од The Sunday Times, го разоткрија најголемиот скандал во историјата на фудбалот. Тоа беше крајот на ФИФА каква што ја познававме дотогаш. За своето 12 годишно искуство на чело со истражувачкиот тим и рушењето на високите функционери од фудбалската организација, Calvert ќе зборува на Weekend Media фестивалот на предавањето “Новинарство кое го разоткри фудбалот како валкана игра“.

Што е ново во Google и како својата работа да ја прилагодите за “Age of Assistance“, на предавањето “Google, што е следно?” ќе ни открие Dominik Osterholt, раководител на програмата за Google Digital Academy. Денес mobile е двигател на растот за речиси секое работење, а Osterholt ќе ги претстави најважните предности и најдобрите практики кои дигиталните огласувачи би требало да ги следат со цел да останат на врвот на овај предизвик и да ги искористат сите можности на mobile-first светот.

Hans Martin Megard, извршен директор на Scandinavian Design Група, во своето предавање ќе се обиде да објасни како одржливоста е подеднаков предизвик и можност и како паметните агенции, целите на UN за одржлив развој ќе можат да ги користат како средство за изградба на брендовите. Од McCann Group на Weekend Media фестивалот ќе гостува Srđan Šaper којшто преку разговор со директорот на фестивалот Tomo Ricov ќе дискутираат за актуелните прашања од подрачјето на маркетингот, политиката и музиката.

Во забавниот дел од WMF програмата ни доаѓа Robert Knjaz. Во краток филм за 10 години Weekend Media Festival, дознајте колку алкохол до сега се испило, колку предавања се одслушале, како напуштената фабрика стана место за најдобрите средби, кој е крив за најголемиот скандал на Weekend Media фестивалот, и кој од неговите основачи “лумпува“ на Бајага.

Десеттиот Weekend Media Festival оваа година се одржува од 21 до 24 септември во просториите на старата фабрика за тутун во Ровињ, под генерално покровителство на Adris група. Во својата прва деценија фестивалот беше домаќин на речиси 45 000 учесници: 1 000 говорници, 35 000 медиски, маркетинг и ПР професионалци, 3 500 студенти и 5 000 акредитирани новинари од целиот регион.

Weekend Media Festival не е резервиран само за предавања и дискусии, туку е и место за забави и networking, кои оваа година ќе бидат подигнати на ново ниво. Добро осмислената музичка програма одсекогаш е една од најсилните адути на фестивалот, а оваа година ќе има изненадувања по повод на големиот јубилеј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365