Што е Moment marketing, Moments planing и Moments Tool? На таа тема е одржано предавање од страна на Viktor Kroitor, регионален стратешки директор на UM CEE и работилница за вработените во медиската агенција UM. Како членка на најдобрата светска медиска мрежа оваа година по изборот на AdAGE и Adweek магазинот, медиската агенција UM, постојано работи на воведување и примена на новите светски алатки во секојдневната соработка со деловните партнери
Жителите на Србија имаат на располагање преку 100 ТВ канали, 17 милиони преносни уреди на новата технологија, во Босна и Херцеговина Фејсбук има преку 2 милиони профили, а граѓаните на Бугарија праќаат преку 11 милијарди смс/ммс пораки годишно. Слична е “крвната слика“ и во другите земји на Југоисточна Европа во кои работи UM агенцијата. Сето тоа на корисниците на медиумите им овозможува секојдневно да конзумираат различни содржини преку различни уреди и платформи. Тоа овозможува секој од нас да постане креатор, односно уредник на медиумите. Глобалното истражување Wave за навиките на корисниците на социјалните медиуми покажува дека во Србија 90% од интернет корисниците се грижи за својот профил на некоја од друштвените мрежи, коментира, постира видео содржини, прикачува слики, четува…
Затоа се поставува прашањето како да се дојде до тие потрошувачи и што е најважно како да се привлече нивното внимание во изобилството на содржини со кои се опкружени? Просечното ниво на внимание на возрасна личност додека гледа одредена содржина во 2000 година било 12, а денес е само 8 секунди! И во тие 8 секунди потребно е да се “фати“ вниманието на потрошувачите и да му се пренесе пораката на брендот. Како последица на тоа, ТВ гледаноста се фрагментира на повеќе канали, вниманието не ни го задржува долга содржина, менуваме канали, гледаме во телефон, го проверуваме фејзбук профилот… Да се привлече вниманието на гледачите денес е клуч за успех.
Заради тоа, UM ги согледува денешните медиуми од перспектива на препознавање на клучните животни и медиумски моменти, од перспектива на моментот. Како да го препознаеме клучниот момент, односно времето, местото и контекстот кои на луѓето најмногу им значи? Покрај одличното познавање на медиа планирањето и закупот на медиумскиот простор, вработените во медиските агенции денес мораат да знаат и повеќе од тоа. Мораат да знаат да ги поврзат податоците, креативноста, емоциите и така да им донесат резултати на брендовите.
Тимовите од медиската агенција UM имаа прилика низ предавање и работилница да утврдат “Што е моментот“?
„ Ние сме една од ретките агенции, ако не и единствена која константно вложува во процеси и алатки кои се единствени на нашите пазари“ истакна Тијана Стојановиќ, генерален директор на UM Љубљана, а нејзиниот колега од UM Белград, Александар Џорџевиќ додава: “Во време во кое потребите на потрошувачите го надмина идентификувањето со брендот, како и употребната вредност на самиот производ – клучно е во комуникацијата да се пронајде вистинскиот начин, време и место за поврзување на брендот со моментите, приказните и работите кои им се навистина значајни на потрошувачите“. Тарик Имамагиќ од UM Сараево, нагласува дека едукацијата ќе му помогне во новиот начин на размислување и ќе има силно влијание на понатамошниот пристап во планирањето на комуникацијата во медиумите, што на крајот претставува исклучителен бенефит за клиентите, додека Томислав Лончаревиќ од UM Загреб едноставно заклучува: „Moments planning trening беше ‘trening that matters”.
“Моментот е нашето сеќавање, на големиот животен момент кога купуваме автомобил или земаме кредит за стан, или на мали моменти, првото излегување, првиот состанок, вечера…“ истакнува Виктор Кроитор и додава: “Заради тоа мораме добро да наслушнуваме како би ги препознале и релевантните медиумски моменти“.
Агенцијата UM поседува податоци и алатки кои ни овозможуваат да ги препознаеме клучните моменти кои им значат на луѓето. Како новина која агенцијата UM им ја овозможува на клиентите на пазарите на кои делува, е и воведувањето на Moment Tool и новиот процес на планирање Moments Planing. Оваа алатка овозможува да ги препознаеме овие клучни моменти и да ги поврземе со релевантните медиски канали и пораки.
Податоците помагаат да ги препознаеме моментите кои предизвикуваат емоции и внимание кај потрошувачите и тоа токму оние кои брендовите сакаат да ги постигнат. Кога ќе ги препознаеме, околу нив градиме медиумска стратегија и планови во соработка со медиските партнери, креативните тимови, експертите за дигитални медиуми. Кога ќе се препознаат овие клучни моменти за потрошувачите и брендот, тогаш полесно се остварливи и бизнис целите. Така моментите стануваат успешна приказна на еден бренд.