Познатиот холивудски актер Морган Фриман е ѕвездата на новата глобална кампања на турскиот авиопревозник Turkish Airlines, која го носи насловот “Pangea”.
Кампањата се базира врз концептот на Пангеја – суперконтинент во длабокото геолошко минато на Земјата, пред 300 милиони години, кој ги обединувал сите денешни континенти.
Идејата на кампањата е дека иако континентите денес се раздвоени, Turkish Airlines успеваат повторно да го обединат со помош на своите авиони – поврзувајќи ги луѓето и земјите.
Централниот спот на кампањата го имаше своето телевизиско деби за време на синоќешното одигрување на американскиот NFL Super Bowl.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Whale од Амстердам, Холандија.