Американската компанија за електроника Motorola Mobility, дел од групацијата на Lenovo и духовна наследничка на класичната Motorola, неодамна ја лансираше својата нова глобална бренд платформа насловена “Power to Empower”.
Како производител на примарно паметни телефони, кампањата има за цел да претстави како уредите на Motorola ги оспособуваат и им помагаат на корисниците да го живеат својот живот до максимум.
Така, централниот спот на кампањата претставува колаж од снимки на различни луѓе во различни животни ситуации кои се стремат да го остварат својот полн потенцијал, секако потпомогнати со технологијата на Motorola.
Според зборовите на компанијата, камањата е израз на нивниот стремеж да бидат „генератори на позитивни промени“ со „доверливо присуство во мобилната индустрија“, надоградувајќи се врз нивното 90-годишно наследство.
Новата бренд платформа, според Motorola, е можност да се создаде емоционален простор за стапување во интеракција со потрошувачите на нови и креативни начини.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција WTF? од Буенос Аирес, Аргентина, дигиталната агенција Magma и продуциската куќа The Masses.