Home » Во фокусот » Моторола направи „продолжение“ на неодамна објавената реклама на Самсунг

Моторола направи „продолжение“ на неодамна објавената реклама на Самсунг

Откако Самсунг го искористи Епл за сопствена промоција, сега тоа го направи и Моторола на нивна сметка, со рекламата „Up-upgrade to Motorola“.

Рекламата на Моторола „Up-upgrade to Motorola“ продолжува таму каде што застана онаа на Самсунг.

Да потсетиме, рекламата на Самсунг заврши така што поранешниот корисник на iPhone поминува покрај редицата во која обожавателите на iPhone мирно го чекаат својот ред, за да го купат најновиот модел – iPhone X.

Токму тука продолжува рекламата на Моторола и во следниот кадар гледаме како нашиот нов херој задоволно доаѓа дома и се фали на девојката со својот нов телефон (Note 8). Девојката наместо очекуваното одушевување, го носи својот нов телефон – Moto Z2 Play.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365