New Europe Market кој ќе се одржи оваа година по шести пат, од 11-14 јуни во Дубровник, ќе отвори многу интересни прашања во врска со иднината на Pay-TV каналите и нивното следење на сеприсутната дигитализација.
И овај јуни, гостите на NEM ќе имаат можност да добијат одговори на најактуелните прашања од ТВ индустријата од водечките медиумски експерти. На панел дискусијата на тема “Игра на Pay TV и дигиталната содржина” ќе присуствуваат еминентни експерти во своите области, и тоа: Salim Mukaddam, генерален директор и заменик-претседател за Централна и Источна Европа во BBC Worldwide; Katharina Behrends, главен извршен директор на групацијата NBCUniversal за Централна и Источна Европа; John Rossiter, генерален директор за Централна Европа во Sony Pictures Television Networks; Karin Heijink, потпретседател за содржина и производи во Viasat World Limited; Levente Málnay, постар потпретседател за Централна и Северна Европа во AMC Networks International; Bartosz Witak, виш потпретседател и генерален директор за Централна и Источна Европа и Израел во Viacom International Media Networks.
Pay TV во услови на забрзана дигитализација и промена на трендовите
Главната тема на овој панел ќе биде: што Pay TV каналите прават за да бидат во чекор со дигиталните трендови и како нивната содржина може да помогне во неизвесната борба со индустриските гранки кои веќе неколку години ги негуваат овие трендови. Се водат многу дискусии за влијанието на SVOD (Subscription video on demand) врз секторот на традиционалната Pay TV, но дали SVOD ќе ги потчини Pay TV или и двата може да дејствуваат заедно, без исклучување на еден на друг?
Операторите со години се бореа за претплатници, користејќи сателитска, кабелска, копнена или IPTV инфраструктура, па затоа не е изненадувачки што нивната цел е да ги задржат постојните претплатници, но истовремено и да привлечат нови, преку креирање на содржини кои ќе ја задоволат широката публика. Со појавата на SVOD, Pay TV каналите изгубија многу свои гледачи за релативно кратко време. Нема сомнение дека пазарот на Pay TV сè уште расте на глобално ниво, но сепак, SVOD се развива побрзо.
Кој излегува како победник?
Дали некој од оваа медиумска игра ќе излезе како победник или соживотот е навистина возможен? Карин Хејинк од Viasat World Limited ја објасни целта на панелот:
“Овој панел ќе ја постави клучната теза со која се соочуваат традиционалните Pay TV играчи во регионот на Централна и Источна Европа и ќе истражи како да се прилагодат и да водат чекор со зголемувањето на бројот на дигитални содржини во трансформативниот медиумски пејзаж. Тоа ќе биде жива и искрена дебата, како и секогаш на NEM, кој несомнено се истакнува како еден од клучните телевизиски настани во регионот на Централна и Источна Европа. NEM е настан кој не смее да се пропушти бидејќи ги собира и здружува водечките носители на одлуки од регионот и пошироко. “
Мудри зборови доаѓаат и од Џон Роситер, кој е генерален директор на телевизиските мрежи на Sony Pictures за Централна Европа: “Технолошките гиганти станаа Голијати, благодарение на фактот што максимално ги искористија можностите на мрежата. Публиката и понатаму конзумира иста содржина, само на различни платформи. Треба да се фокусираме на производство на содржини кои луѓето ќе ги гледаат. Мораме да се прилагодиме. “
Катарина Берендс, генерален директор на групацијата NBCUniversal за Централна и Источна Европа, го истакна NEM како водечки настан за клучните провајдери и платформи кои се среќаваат во овој регион и се фокусира на важните трендови и теми специфични за овој регион. “Од првиот NEM, ние го поддржуваме и спонзорираме овој настан и сме многу среќни што од година во година се` повеќе расте“, изјави Берендс.
Модераторот на панелот, Крис Џиадул, извршен уредник и главен аналитичар за Источна Европа во Broadband TV News, исто така, го издвои NEM како еден од водечките настани на телевизиската индустрија во Централна и Источна Европа, и изјави: “Овогодишниот настан сигурно ќе го потврди статусот на NEM, помеѓу останатото и благодарение на панел дискусијата насловена како “Pay TV во играта на дигиталната содржина”, која ќе истражи како секторот на Pay TV во регионот се приспособува и навистина успева во овој брзо растечки дигитален пазар. На панелот ќе дискутираат врвни директори на меѓународни провајдери на содржини кои се силно присутни во Централна и Источна Европа”.
Обезбедете го вашето место на овој единствен настан уште денес!
Со панелите, проекциите, но и нетворкинг можностите, како и прекрасното хрватско крајбрежје, NEM е единствено искуство кое ќе се одржи од 11-14 јуни 2018 година. Резервирајте ја вашата акредитација и сместување преку веб страницата http://neweumarket.com/ и дознајте зошто 90% од учесниците на NEM се враќаат на овој единствен настан во регионот на Централна и Источна Европа.