Доколку сакате да слушнете интересни дебати за најновите достигнувања и трендови во светската, регионалната и домашната ТВ-индустрија, тогаш сигурно веќе обезбедивте акредитација, со цел да ги поврзете работата со уживањето на море на единствениот New Europe Market, најголем регионален настан посветен на ТВ-индустријата во регионот на Централна и Источна Европа, кој шестта година по ред, од 11 до 14 јуни, се одржува во Дубровник.
New Europe Market, медиумски настан на кој присуствуваат најголемите експерти од областа на телевизијата и медиумите, ни ја открива првата панел-дискусија насловена како “Лов на публика: Може ли локалната продукција да направи разлика.” Главното прашање што ќе им се постави на панелистите е дали е можно да се зголеми бројот на гледаност на јавната телевизија со локално произведена содржина.
Дали содржината е тајната состојка која ќе ја задржи публиката на FTA каналите?
Иако FTA каналите (слободните канали на сателит) и понатаму се најгледаните и најпопуларните, тие се соочуваат со предизвик во кој мораат да ја задржат својата публика со квалитетни содржини и програми. Од друга страна, поборниците на Pay-TV сметаат дека VOD (видео на барање) е единствен начин да се задржи публиката која оди во чекор со трендовите, без оглед на количината на локалните и јавно достапни продукции. Зајакнати со нови технологии, позициите на најголемите FTA канали во регионот на Централна и Источна Европа никогаш не биле посигурни … Или?
Првата панел дискусија во Дубровник ќе ја модерира Gün Akyuz, истражувачки уредник на C21 Mediа, реномирана меѓународна публикација посветена на телевизиската индустрија.
Говорници ќе бидат генералниот директор на Словачката телевизија TV Markizа, Matthias Settele, директорот на програмата за развој и формат на Чешката телевизија, Jan Max, извршниот директор на RTL Хрватска Henning Tewes, генералниот менаџер на Хрватската радио-телевизија Kazimir Bačić, Gabriella Vidus, директор на РТЛ Унгарија и директорот на Antenna International, Pete Smith.
Запознајте го клучниот играч на меѓународен медиумски бизнис
Еден од најистакнатите панелисти, Пит Смит, директор на Antenna International кој ја води и европската мрежа на Antenna, во последните неколку години се фокусираше на брзиот раст на медиумите во Источна Европа и инвестирање во содржини и дигитални компании.
“Бидејќи се појавуваат нови платформи и вклучуваат оригинални и автохтони содржини, јас навистина верувам дека влегуваме во златна доба на производство на локални содржини”, вели Пит Смит во врска темата на првата панел дискусија на овогодинешниот NEM.
Пит бил задолжен за филмска и телевизиска дистрибуција, телевизиска продукција и канали. Тој честопати ги презентираше стратешките и финансиските проблеми до Управниот одбор, како и сите трансакции на М&А. Пит оствари раст од 44% во текот на три години и ги заврши аквизициите во Јапонија, Југоисточна Азија и Источна Европа. Исто така, го зголеми бројот на канали од 12 на 70 и склучи договор со Pay-TV каналите во вредност од 500 милиони долари. Продукциските успеси ги вклучуваат Downton Abbey, Whitechapel и Law and Order: UK (три од петте најдобри драмски серии на ITV).
Резервирајте ја вашата акредитација уште денес
Оваа година, шестото по ред издание на NEM со реномирани експерти од светот на медиумите со неизмерно искуство, ќе се одржи 11 до 14 јуни во Дубровник, а покрај панелите, сите гости на NEM ќе уживаат во веќе традиционалните забави и неформални дружења. Резервирајте ја вашата акредитација и сместување уште денес, преку страницата www.neweumarket.com.