Home » Во фокусот » MSL ја продолжува соработката со Golden Drum како ексклузивен ПР партнер на фестивалот

MSL ја продолжува соработката со Golden Drum како ексклузивен ПР партнер на фестивалот

Фестивалот Golden Drum, еден од најценетите креативни натпревари во Европа, ја продолжи соработката со MSL како ексклузивен ПР партнер трета година по ред.

Мрежата на агенции на MSL ќе биде одговорна за спроведување на сеопфатни комуникациски активности на 17 пазари од Европа – Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Финска, Грција, Унгарија, Италија, Шпанија, Португалија, Русија, Романија, Србија, Турција, Украина и Обединетото Кралство. MSL ќе соработува заедно со другите партнерски агенции и локални канцеларии на Publicis Groupe дедека работи на овој проект. Искуството од претходните изданија на Golden Drum ќе им помогне за уште поефективно имплементирање на зацртаните промотивни активности за сребреното, јубилејно, 25-то издание на фестивалот.

Мојца Бришчик, претседател на фестивалот Golden Drum и генерален извршен директор на Словенечката адвертајзинг комора: „Ние сме особено задоволно од нашата соработка со MSL за време на претходните изданија на нашиот фестивал, па затоа и се одлучивме да продолжиме со неа и оваа година исто така. Имаме гарантирани стратешки комуникациски совети и широк спектар на можности понудени од водечка светска мрежа на агенции.“

Преостанувачките неколку недели пред фестивалот се клучен период за промотивни активности, за чии ефекти редовно ќе се известува во медиумите, додека пак главниот промотивен врв ќе се достигне за време на првиот ден на фестивалот. Континуираните односи со медиумите и комуникацијата на социјалните медиуми се само дел од промотивните активности кои MSL ќе ги применува за Golden Drum фестивалот.

„Потпирајќи се врз нашето искуство во поддршката на претходните изданија на фестивалот, ние сме одговорни за сеопфатните медиумски активности и за создавање и промовирање на позитивниот имиџ на Golden Drum, изјави Софија Бугајна-Каздепке, Директор за бизнис развој на MSL и член на жири на Golden Drum.

Фестивалот Golden Drum ги инспирира водечките светски креативнци и на учесниците им овозможува свеж увид во глобалните трендови и предизвици преку очите на уметниците. Им дава можност да слушнат инспиративни говори од истакнати говорници, не само личности од креативната и маркетинг комуникациска индустрија, туку и од други области и специјализирани професии: интернационално познати уметници, музичари, филозофи, бизнис професионалци и други специјалисти кои отворено ги споделуваат своето знаење, искуство и креативност. Фестивалот има собрано повеќе од 42,000 професионалци од преку 40 држави и здружува преку 900 експерти од различни индустрии секоја година.

Овогодинешното 25-то издание на меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, организиран од Словенечката адвертајзинг комота, ќе се одржи помеѓу 17 и 19 окотомври во Порторож, Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365