Home » Во фокусот » На 7-ми и 8-ми февруари ќе се оддржи RSVP – единствениот регионален фестивал за евент индустријата

На 7-ми и 8-ми февруари ќе се оддржи RSVP – единствениот регионален фестивал за евент индустријата

RSVP – единствениот регионален фестивал специјализиран за евент индустријата ќе се одржи на 7-ми и 8-ми февруари во загрепскиот Plaza Event Centar (поранешен Hypo Centar). Се очекува дека двата програмски дена посветени на технологиите кои се користат во евент индустријата и евент туризмот, како и сите настани кои придонесуваат за развој на туристичките дестинации на едно место ќе соберат околу 500 стручњаци и претставници на индустријата поврзани со организирање на настани.

На вториот ден е предвидено и доделување на првата годишна награда ATTEND за најдобар регионален настан во осум категории. Пријавите за учество во натпреварувањето се отворени до 2-ри февруари а заинтересираните можат бесплатно да пријават неограничен број на проекти.

Повеќе информации за RSVP конференцијата можете да погледнете на нивниот веб сајт :  www.rsvp.hr

 

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365