Познати се првите имиња на фестивалот Денови на комуникации – Keith Weed, кој Форбс веќе трета година по ред го прогласува за најголем и највлијателен светски маркетер, го потврди доаѓањето во Хрватска на фестивалот Денови на комуникации, а најавен е и Rory Sutherland, британски стратег, автор и аксцентричен говорник со милиони прегледи на TED Talk.
Највлијателниот директор за маркетинг во светот во 2017, 2018 и 2019 година, според „Форбс“ доаѓа на Денови на комуникации. Легендарниот Keith Weed, до неодамна долгогодишниот директор за маркетинг на „Унилевер“ – втор најголем огласувач во светот, кој ќе имаме можност да го слушнеме во живо од 2 до 5 април во Ровињ, го посвети својот професионален живот на постојано иновирање на комуникациската индустрија. Влијанието што тој го има врз брендовите и општеството како целина му ја донесе наградата за животно дело во 2018 година.
А кои се скриените пораки во однесувањето на потрошувачите? Зошто огласувањето секогаш ќе биде една од најважните компоненти во комуникациската сфера? Одговорите ќе ни ги даде ни помалку ни повеќе, туку потпретседателот на Ogilvy, една од најголемите огласувачки агенции со 132 канцеларии во 83 земји низ целиот свет и еден од најфасцинантните, највлијателни комуникациски стратези на денешницата, Rory Sutherland! Забавен и помалку ексцентричен, Sutherland, кој за себе тврди дека живее во поранешниот дом на Наполеон III, но за жал во таванот, ги постави темелите на бихевиоралната економија на Ogilvy и употребата на психолошки и маркетинг техники за дефинирање на човековото однесување. Во Ровињ, Sutherland ќе зборува за персуазивните техники кои ги бришат границите помеѓу рекламите и забавата.
„Од година во година, фестивало Денови на комјуникации ги поместува своите граници и успева да ги донесе најдобрите светски експерти. Кога тие, како глобални лидери во индустријата, шират добар глас за нас низ целиот свет, знаеме дека правиме нешто навистина позитивно за професијата“, изјави претседателката на управата на ХУРА, Ангела Буљан Шибер.
Дуња Ивана Балон, директорка на фестивалот и програмата, се надоврзува: „Го обиколивме светот и на Денови на комуникација донесовме 20 имиња кои доминираат на пазарот и ја направија маркетинг индустријата една од најинтересните во светот.“
Таа додаде дека најавените предавачи Weed и Sutherland – највлијателен огласувач на светот и еден од највлијателните маркетери на светот – се само двајца од дваесетте светски лидери од разни сфери на индустријата кои ќе се придржат на фестивалот и токму затоа за време на Денови на комуникации, Ровињ е можеби единствената можност во нашите животи да ги запознаеме, а притоа одлично да се забавуваме на овој не толку типичен фестивал.
Пријавите за учество на Денови на комуникации еден од најдобрите светски настани спрема британските Association Excellence Awards, се достапни на официјалната страница на фестивалот. Интересот за осмото издание на фестивалот веќе ги надмина минатогодишните бројки и очекувања, па затоа организаторите ве повикуваат на рани пријави и резервација на сместување.