Home » Во фокусот » На фестивалот Денови на комуникации за својот успех ќе зборува една од најуспешните жени во маркетинг индустријата

На фестивалот Денови на комуникации за својот успех ќе зборува една од најуспешните жени во маркетинг индустријата

Порталот zadovoljna.hr и Денови на комуникации донесуваат предавач кој е познат по глобалната кампања со незаборавните, анимирани ликови од бонбоните на М&М

Susan Credle, една од најмоќните жени во маркетинг индустријата, од Њујорк доаѓа во Ровињ на фестивалот  Денови на комуникации. За бизнис успехот на Susan Credle најдобро зборуваат престижните награди: Most Creative Woman in Advertising и Chicago Ad Woman of the Year 2013, заедно со фактот што е примена во две куќи на славните: American Advertising Federation’s Hall of Achievement и North Carolina Advertising Hall of Fame.

Susan е позната во индустријата како брилијантна и интригантна жена која бележи незапирлив напредок и низа успеси во бизнисот. На фестивалот Деновите на комуникации, таа ќе зборува за важноста на доброто управување, креативноста и моќта на великодушноста. Нејзиното предавање под наслов „What Got You Here Won’t Get You There“, е овозможено од организаторот на фестивалот HURA и порталот zadovoljna.hr.

Susan Credle е икона на креативен свет и една од најмоќните жени во индустријата. Меѓу нејзините успеси е создавањето на незаборавни анимирани ликови од бонбоните на М&М, како и светски познатата Mayhem кампања на осигурителната компанија Allstate. Честопати се споредува со ликот на Peggy Olson од познатата телевизиска серија “Mad Men“.

Својата кариера ја започна во агенцијата BBDO, каде што од приправник напредувала на позицијата извршен креативен директор. Во кариерата работала за клиенти како Pepsi, FedEx, McDonald’s, Allstate, Kellogg’s и P&G. Таа работеше и како заменик-претседател на BBDO Worldwide Group и главен креативен директор Leo Burnett Worldwide. Моментално  е глобален креативен директор на мрежата на Foote, Cone & Belding Agencies со канцеларии низ целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365