Home » Во фокусот » Најавено новото издание на PRilika, регионалната конференција за односи со јавност во Белград

Најавено новото издание на PRilika, регионалната конференција за односи со јавност во Белград

Во декември оваа година во Белград повторно ќе се оддржи PRilika на кој ќе се соберат професионалци од областа на комуникациите од целиот регион и со реномирани предавачи ќе дискутираат на темите кои новите трендови и правци во комуникациите ги носи новото време.

prilika2016

Конференцијата под истоимената овогодишна тема ’New Age, New Trends, New communications’, ќе ги угости некои од водечките стручњаци од областа на комуникациите, меѓу кои и творецот на смајлиња, Skot Falman, потоа доскорашниот креативен стратег во Google ZOO, Lazar Džamić, претседателот и главниот уредник на Holmes Report, Arun Sudaman, претседателот на MEPRA и Group Communications директор на компанијата MUBADALA, Brian Lott, основачот на алтернативната школа за креативно мислење, тренер за креативно мислење и бренд терапевт Teodorа Migdalovici, и многу други.

Конференцијата Prilika, Друштвото за односи со јавност на Србија ја организира веќе  седма година по ред и досега на ова дводневно дружање учествувале повеќе од 2000 професионалци за односи со јавноста, предавачи и партнери, кои овај настан го направија врвна прилика за средба со светски признати имиња во областа на комуникациите, врвен дијалог, размена на регионални искуства и унапредување на стандардите на професијата.

Конференцијата ќе се одржи на 2 и 3 декември во хотелот Метропол во Белград, early bird котизацијата е во продажба до 16 октомври. Повеќе информации можете да пронајдете тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365