Home » Digital » Најлошите лозинки изминатата година

Најлошите лозинки изминатата година

 

Традиционално кон крајот на месец декември, сигурносните стручњаци издаваат листа на најлошите лозинки кои луѓето и понатаму ги користат, а кои се нашле во разни украдени или хакирани бази на податоци. Ниту оваа година не е исклучок, а ние за жал мораме да констатираме дека на лошите едноставни лозинки сеуште не им дошло крај.

И покрај сите предупредувања, силната технологија, правилата за поставување на лозинки и повторувачките вeсти како што е оваа- корисниците на компјутерите во целиот свет и понатаму ги штитат своите најважни податоци со лозинките како “123456”, а оние “покреативните“ и со „посложени“ зборови како “password” или пак “qwerty”.

Сигурносната компанија SplashData направи преглед на најлошите лозинки користени оваа година. Листата настана од 5 милиони лозинки кои некако се најдоа во јавноста, а листата не се разликува премногу од претходните.

Ова се Топ 5 најлоши лозинки за 2017 година (ги користат вкупно 3% од корисниците).

  1. 123456
  2. password
  3. 12345678
  4. qwerty
  5. 12345

Освен овие, кои редовно се во топ 5, оваа година на листата се најдоа и некои други, но сепак недоволно добри лозники кои до сега не беа рангирани така високо. Како на пример, “letmein”, “whatever”, “monkey” и “starwars”.

Така, на неславната листа од 6 до 25 место се најдоа следните лозинки: 123456789, letmein, 1234567, football, iloveyou, admin, welcome, monkey, login, abc123, starwars, 123123, dragon, passw0rd, master, hello, freedom, whatever, qazwsx, trustno1. Првите 25 најлоши лозинки на светот ги користат вкупно, загрижувачки 10% од луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365