По речиси десет години во рамки на глобалната мрежа Grey, агенцијата досега позната како Bruketa&Žinić&Grey продолжува со работа како независна агенција, во целосно „домашна“ сопственост и под ново име – Bruketa&. Знакот „&“ намерно останува отворен: за нови идеи, нови соработки и влез на клучните луѓе од агенцијата во партнерската структура.
Агенцијата, која пред еден месец по 16-ти пат беше прогласена за „Агенција на годината“, и тоа двојно – на натпреварите IdejaX и BalCannes, продолжува да работи како независна агенција под името Bruketa&, предводена од Давор Брукета. До промената доаѓа со откупот на сопственичките удели на мрежата Grey, дел од WPP, и на Никола Жиниќ, со што се отвора простор за влез на клучните вработени во сопственичката структура на агенцијата.
Агенцијата продолжува со работа со истиот тим, клиенти и проекти, од истиот простор и со ист фокус на стратегија, креативност и нови технологии. Промената на сопственичката структура нема да влијае врз оперативното работење ниту врз односите со клиентите.
Меѓу клиентите на агенцијата се Hrvatski Telekom, Spar Hrvatska, Adris grupa, The Coca-Cola Company, Favarger, Lactalis, Croatia osiguranje, Rimac Automobili, Infobip, The World Bank Group, Maistra, Cromaris, Addiko Bank, Podravka, Belupo, Bosqar Invest, Kraš, Ljubljanske mlekarne, Dukat, Span, Eurovilla, Atlantic Grupa и бројни други компании во Хрватска и Европа.
Новото име го одразува правецот во кој се движи агенцијата. Знакот „&“ останува симболично отворен – за нови идеи, нови соработки и како најава за влез на клучните вработени во партнерскиот систем на агенцијата.
„Годините поминати во рамки на глобалната мрежа ни донесоа драгоцено искуство и контакти. Но денешното време бара поголема агилност, флексибилност и брзина. Им благодарам на сите клиенти кои активно нè поддржаа во оваа трансформација, како и на сите останати кои помогнаа во процесот на враќање на агенцијата во домашна сопственост“ – посочува Давор Брукета.
















