Home » Во фокусот » Најновата принт кампања на Бургер Кинг користи реални фотографии за да ги покаже опасностите од купување од автомобил

Најновата принт кампања на Бургер Кинг користи реални фотографии за да ги покаже опасностите од купување од автомобил

Бургер Кинг во САД сака да ги охрабри корисниците да ги користат нивните услуги за испорака до дома

Бургер Кинг започна нова принт кампања во САД , со која ја промовира својата услуга за достава до дома, а одлучи дека најдобриот начин да го направи тоа е да им ги покаже на корисниците “сите опасности” од користењето на услугата за купување со возење од автомобил.

Брендот уште еднаш се насочи кон вистински фотографии, како и во нивната кампањата во која користеа фотографии од вистински ресторани зафатени од пожар, со тоа што овај пат услугите ги промовираат со помош на фотографии од сообраќајни несреќи кои се случиле во нивните ресторани.

Никој не е сериозно повреден на фотографиите кои се користени во кампањата, а кои дефинитивно ги наведуваат гледачите да размислат за нарачување со достава до дома.

Тоа го постигнаа со многу едноставен повик за акција која ги следи визуелните пораки “Оставете ни го тоа на нас“, со што Бургер Кинг ги поканува корисниците да ја користат апликацијата DoorDash или веб-страницата DoorDash.com.

Рекламите ги изработи агенцијата Lola MullenLowe, а се појави и во неколку поголеми печатени медиуми низ САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365