Apple најпрво отиде на големо, и потоа се врати на мало. Понеделничниот iPhone настан на компанијата го најави повторното воведување на телефони со мали екрани со новиот iPhone SE. Но, четири-инчниот екран има несомнено моќна внатрешност. Хардверот на телефонот е комбинација помеѓу iPhone 6 и 6S. Исто така, на настанот, компанијата го претстави новиот помал iPad Pro, како и нова серија на Apple Watch.
SE Четири-инчниот iPhone SE
Пристигна новиот четири-инчен iPhone, кој е комбинација од деловите на iPhone 6S и стилот на iPhone 5. Новиот iPhone SE ги има спецификациите како А9 процесор и 12-мегапикселна камера на минатогодишниот iPhone 6S, но изгледа скоро исто како претходната, помала генерација, бидејќи некои луѓе “едноставно сакаат помали телефони.” Apple ги охрабрува корисниците да се префрлат од iPhone 5S бидејќи новиот телефон има поголема брзина на LTE и Wi-Fi, поиздржлива батерија, и подобра подржаност на Apple Pay со NFC – со други зборови, функционира како новиот iPhone. Се шпекулира дека новиот iPhone ќе чини 399 долари за моделот од 16 GB, односно 499 долари за моделот од 64 GB. Компанијата ќе почне со примање на пред-нарачки од четврток, а уредот ќе биде достапен од 31 март.
Неколку реченици за моменталната правна битка поврзана со енкрипцијата
Знаевме дека Apple ќе го искористи овој настан за да се осврне и врз нивната правна борба со ФБИ за безбедноста на iPhone. Тим Кук, CEO на Apple, не трошеше време и го започна настанот со коментари во однос на оваа тема. “Не очекувавме дека ќе бидеме во судир со сопствената Влада,” изјави тој. “Ние цврсто веруваме дека имаме одговорност да помагаме во заштитата на вашите податоци и приватноста. Ние им го должиме тоа на нашите клиенти, и и’ го должиме тоа и на нашата држава. Ова е прашање кое влијае врз сите нас, и ние нема да отстапиме од оваа наша одговорност.”
Првото сослушување во врска со случајот се одржува денес во Основниот суд на Централна Калифорнија.
iOS 9.3 додава нови функции
Не се работи за некое големо надоградување на iOS, но сепак се работи за неколку интересни нови функции и една критична безбедносна поправка. Надоградените iPhone-и и iPad-овие ќе имаат осветлување кое ќе се прилагодува врз база на кое време е во денот – функција наречена Night Shift. Белешките сега ќе бидат заштитени со Touch ID, и ќе бидат подобрени препораките во Apple News, со истакнување на најпопуларните вести. Направени се и неколку промени на Apple Health и CarPlay. Што се однесува до безбедноста, истражувачи од John Hopkins University открија една ранливост на iMessage преку која некој напаѓач ќе може да декриптира и да гледа слики и видеа испратени преку сервисот за пораки. Новиот iOS 9.3 ја отстранува оваа закана, e веќе достапен на корисниците.
9.7-инчен iPad Pro
Уште повеќе мали Apple уреди! Apple го намали својот прилично голем 12.9-инчен iPad Pro на нова 9.7-инчна верзија која доаѓа со истите четири звучници и поддршка за Apple Pencil моливот. Новиот iPad, кој тежи помалку од 500 грама, има и своја помала верзија на оригиналната Pro тастатура. Корисниците ќе можат да избираат помеѓу сребрена, златна, вселенска сива и розево златна верзија. Цената почнува од 599 долари за 32GB верзија, па до 749 долари за 128 GB и 899 долари за 256 GB модел. Пред-нарачките започнуваат од четврток, а испораките ќе почнат од 31 март. Како дополнителна забелешка, компанијата ќе продава и 256 GB верзија на 12.9-инчниот iPad по цена од 1099 долари.
Поефтин Apple Watch со нови ремчиња
Нема нов Apple Watch, но барем стариот ќе биде поефтин. Претходната цена од 349 долари ќе биде намалена на 299 долари. Заедно со тоа, Кук објави, како што ја нарече, “пролетна линија” на нови ремчиња за часовникот, вклучувајќи нови бои за спортските и кожни ремчиња, “вселенско црна” верзија за металното ремче, и нов плетен најлонски модел со четири слоеви.
Пребарување преку Siri на Apple TV
Корисниците ќе можат да ја симнат најновата верзија на софтверот на Apple TV, tvOS 9.2, и најважната надоградба е дефинисивно додавањето на наративно пребарување. Сега ќе можете да ја прашувате Siri да пребара одреден филм или да внесете лозинка само со вашиот глас, голем напредок во споредба со тешкотијата на пишување со далечинскиот управувач на Apple TV. А, постојат многу работи кои ќе треба да се сортираат деновиве, со повеќе од 5000 апликации достапни за Apple TV, вклучувајќи партнерства со HBO и NCAA. За да помогне во сортирањето, Apple позајми елемент од десктоп компјутерите со нова функција наречена ‘папки’, со кои ќе може да ги организирате апликациите на почетниот екран, на пример, за групирање во спорт, вести или забава. Со новиот tvOS 9.2, кој е бесплатен, ќе можите да пристапите и до iCloud Photo Library, вклучуајќи ги и Live Photos, на големиот екран.
Опшествени иницијативи
Apple го одржа овој настан за да соопшти нови производи, но исто така одвои и време за да се фокусира на прашањата околу својата технологија. Вети дека ќе продолжи да се бори за силна енкрипција, ставајќи го прашањето во рамки на безбедноста и приватноста на корисниците. Тоа го поврза и со соопштувањето на новата CareKit апликација за Apple Watch, која ќе им олесни на луѓето да ги забележуваат, следат и споделуваат своите здравствени податоци со своите лекари. А, претстави и нов полу-сладок, полу-морничав робот наречен Liam.
CareKit
Apple ги нагласи своите продукти поврзани со здравјето на корисниците. Укажувајќи на успехот на ResearchKit, компанијата го соопшти лансирањето на CareKit. Шест партнерски медицински организации, вклучувајќи ги John Hopkins University и Stanford Medicine, ќе можат да создаваат апликации кои ќе им помагаат на пациентите да ги следат своите симптоми и да ги споделуваат со своите лекари. Во суштина, тие ќе можат да ги забележуваат, следат и споредуваат своите симптоми со своите лекари, кои потоа ќе можат да создаваат листи на упатства приспособени врз информациите од CareKit. Пациентите повеќе нема да мораат да им се јавуваат на своите лекари и да чекаат повратен одговор од нив – сите медицински информации ќе бидат достапни виртуелно.
Обновување на околината
Apple даде нови информации во врска со својата амбициозна цел сите свои капацитети 100% да функционираат на обновлива енергија. Моментално, 93% од капацитетите работаат на обновлива енергија, а 100% од капацитетите во САД се целосно еколошки. Компанијата претстави нова сончева фарма во Кина и забележа дека во места како Сингапур, каде почвата е ретка, соларните панели ги инсталира на покривите. Компанијата исто така изјави дека 99% од хартијата користена во нивните пакувања е или рециклирана или доаѓа од “одржливо менаџирани шуми.” Претстави и робот по име Liam кој помага во расклопувањето на iPhone-ите за рециклирање на начин на кој, според Apple, е “безбеден за вашите податоци и безбеден за планетата.”