Home » Во фокусот » Нано чевли со ларвицид: нов изум за самоуништување на комарците

Нано чевли со ларвицид: нов изум за самоуништување на комарците

Проектот “Нано чевли“, во кој агенцијата ги “облекува” комарците со специјални обувки кои шират ларвицид, е доказ дека креативноста може да помогне и во најтешките проблеми

Агенцијата BBDO Бангкок помогна во решавањето на еден од најголемите проблеми во светот и ги измами најголемите убијци на човештвото – комарците. Откако добиле покана да помогнат да се подигне свеста за превенција од комарци во сиромашните квартови на Бангкок и во другите градови во југоисточна Азија, агенцијата BBDO Бангкок отиде чекор подалеку и измисли нешто што би можело да го промени начинот на контролирање на комарците во целиот свет.

Наречена “Нано чевли”, оваа иновација ги покрива нозете на комарците со посебен BTI ларвицид – синтетичка бактерија која се појавува и во природата и која го спречува развојот на ларвите на комарците. Тоа значи дека кога комарците  ќе одлетаат на места на кои се размножуваат, всушност, тие стануваат свои истребувачи.

Новиот, еколошки ларвицид е создаден во партнерство со клиентите SCG Chemicals и Pastuer Institute. Обично, лаврицидите се поставуваат рачно на места погодни за размножување на комарците, но тоа е трудоинтензивен процес, кој според тврдењата на BBDO, сепак не допира до 80 проценти од таквите места или поради надостапност или затоа што се целосно непознати за луѓето.

“Значи тука започна нашиот креативен процес”, вели Suthisak Sucharittanonta, претседател и главен креативен директор на BBDO Бангкок. “Се запрашавме: Како можеме да го доведеме овој BTI лаврицид до локациите за размножување, без физички да го правиме тоа самите? После тоа, тимовите веднаш почнаа да размислуваат за редизајнирање и нова примена на постојните објекти во рамките на овие непривилегирани заедници. Но, на крајот од денот, решенијата до кои дојдовме и понатаму не одговорија на прашањето како можеме да дојдеме до сите скриени или недостапни места за размножување. Затоа се запрашавме: “Кој знае каде се овие места за размножување?” И кога беше поставено тоа прашање, одговорот беше очигледен: знаат комарците. Значи, го најдовме срцето на нашата кампања: Користете комарци за борба против комарците. “

Агенцијата и нејзините клиенти проценуваат дека еден комарец со Нано чевлите со лаврицид, потенцијално може да спречи созревање на илјадници ларви, без да влијае на другите инсекти или луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365