Home » Во фокусот » Наскоро во Скопје – првиот премиум деловен центар

Наскоро во Скопје – првиот премиум деловен центар

Премиум услови за вработените во „Премиум“ деловниот центар – објектот е во завршна фаза од изградбата

Македонската метропола, наскоро ќе го добие својот прв премиум деловен центар, каде компаниите може да изнајмат простор за работа и истиот нуди извонредни работни услови и е прв од ваков тип во нашава земја, граден според високи светски стандарди кои овозможуваат премиум услови во работната средина.

Објектот кој располага со површина од 12.000 м2, се наоѓа пред салонот на Мерцедес, веднаш после мостот „Близнаци“, содржи најсовремени технички решенија кои овозможуваат поголема функционалност, заштеда на енергија, а со тоа и заштеда во одржувањето, како и поголема еколошка одржливост.

„Премиум деловниот центар е повеќе од вообичаена зграда со канцеларии и претставува архитектонско решение кое нуди флексибилно уредување на работната средина онака како што Вие сте ја замислиле, со голем степен на удобност, што подразбира фитнес сала, посебна кафетерија-ресторан за вработените, сопствен паркинг простор и конекција до најголемата велосипедска артерија на градот, покрај кеј. Оваа инвестиција чини над 10 милиони евра и се очекува да биде готова во следните неколку месеци“, изјави генералниот директор на Мак Аутостар, компанијата инвеститор на деловниот центар, Зоран Марковски.

Премиум деловниот центар е дел од еден поголем урбанистички концепт кој припаѓа на посебна бизнис околина, каде не постои можност за нејзино нарушување во иднина од какви било нови градби. Располага со значителен надворешен простор за паркирање, како и подземна гаража на 3 нивоа. Обезбедено е целосно и континуирано снабдување со електрична енергија и во случај на нејзин прекин со снабдување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365