Home » Во фокусот » Неколку работи што треба да ги знаете кога преминувате од новинарство во ПР

Неколку работи што треба да ги знаете кога преминувате од новинарство во ПР

Автор: Мајкал Пери , потпретседател за Content Strategy во Vehr Communications. Тој има 25-годишно искуство како репортер и уредник. Статијата првично е објавена на PRDaily.

press to PR

Еден од најголемите предизвици за многумина новинари кои преминуваат во ПР е нивната дотогашна ограничена изложеност кон бизнис страната на нештата.

За новинарите кои менуваат кариери, постои една стрмна кривина, бидејќи потребно е многу повеќе од добри известувачки, пишувачки и уредувачки вештини за да им се помогне на клиентите и организациите да успеат.

Еве пет области во кои треба да ги насочите своите напори доколку правите премин од новинарство во ПР:

1.Нов бизнис развој

Новинарите не се продавачи и не се навикнати да ја убедуваат публиката да плаќа за нивните услуги. Во издаваштвото, ова типично се решава преку продажби и циркулација.

За да успеете во агенција, треба да размислувате за услуги кон клиентите, бизнис можности, опшествени и корпоративни партнерства. Соработката е клучна, а за тоа понекогаш е потребно и малку вештина на продавање.

2. Поврат на инвестициите

Од искусни уредници до репортери-почетници, повеќете од новинарите разбираат дека бизнисот има за цел да генерира приходи, придржување кон буџетите и правење профит.  Ова во основа е тоа што значи терминот ‘Поврат на инвестициите’ и целта на маркетингот. Повратот на инвестициите значи се’, научете да го сакате овој термин.

3. Стратешко размислување

Повеќето од новинарите се навикнати да имаат контрола врз нивните стории и менаџирање на времето.

Но, кога ќе се внесете во ПР-от, вие ќе треба да ги поддржувате одлуките на вашите клиенти. Вие се’ уште може да бидете оној кој се спротиставува, но правете го тоа внимателно.

4. Развивање на публиката

Модерната ера на успешното новинарство бара градење на бренд и култивирање на публиката.

Работењето на niche публикации бара вештина на таргетирање специфична публика, а овие вештини ќе треба да ги примените и во ПР-от. Иако ќе треба да учите како да користите дата-бази и аналитика, вие веќе ја разбирате важноста на прилагодувањето на содржините кон одредена публика.

 5. Менаџмент на репутацијата

Кога евалуираат некоја сторија, одговорните новинари често си го поставуваат прашањето – “Дали е фер, балансирано и точно?”

Во ПР-от, вие сте во бизнисот на заштитувањето, зачувувањето и подобрувањето на сликата за одреден бренд, личност или организација. Ова подразбира да ја гледате пошироката слика – понекогаш ќе треба да прифатите.

Новинарите,  често се фокусираат на контекстот и ефектот на приказната на денот. ПР професионалецот исто така го разбира ова, но може да гледа подалеку и да ги предвиди долгорочните ефекти на некоја кампања или стратегија.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365